Заев: Ако бидат откажани дел од нарачките, следни за нарачка ќе бидат вакцините Спутник V

Ние сме нарачале толку вакцини против COVID-19, колку што Комисијата за здравство кажува по нивна проценка дека е доволно за колективната имунизација да се постигне во населението. Така што дефинитивно сме направиле чекори, сме потпишале договори, некаде авансно сме платиле, или слично, за да ги обезбедиме тие количини. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев.

– Ако продолжиме да порачуваме вакцини Спутник V, следна веројатно е AstraZeneca, па нови количини од Pfizer, па нови количини од Sinopharm и ќе се затекнеме да има пет милиони вакцини во државата. Тоа е недозволиво заради рационалноста и наменското трошење на јавните пари. Затоа сме направиле договори толку колку што имаме потреба согласно националниот план за вакцинација на граѓаните во Република Северна Македонија. Ако се откаже дел од нарачките и се анулира дел од нарачката веројатно следни за нарачка ќе бидат токму Спутник V вакцините, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на новата Европска куќа во Струмица.

Како земја членка на НАТО во консултации секако и со стратешките партнери на државата, посочи премиерот, вакцинирањето претставува суверено право на секоја земја и апсолутно нема никакви геостратешки или геополитички реперкусии заради тоа што се работи за здравство, се работи за здравјето на граѓаните и апсолутно немаме никакви резерви.

– Јавно соопштувам за која било вакцина што е потврдена од меѓународните здравствени организации, па дури и од националните здравствени власти на земјите производители што се како и сите пријатели на Република Северна Македонија, додаде Заев.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе