Заев и Ципрас: Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во нивната заедничка колумна на веб-страницата Euractiv велат дека Преспанскиот договор ѝ даде нов моментум на европската перспектива на Западен Балкан, ја обнови улогата на ЕУ во регионот и ја нагласи важноста на трансатлантската соработка во промовирањето на мирот и стабилноста. Шест години подоцна, додаваат тие, моментумот на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е загрозен и губи на сила, додека пристапниот процес на Македонија прво беше блокиран од Франција, а сега од Бугарија.

„ЕУ и меѓународната заедница мора јасно да стават до знаење дека почитувањето на договорот е единствениот пат за понатамошна демократска интеграција, до европскиот пристап и претпристапната поддршка“, напишаа тие, предупредувајќи дека секое прекршување на договорот ќе доведе до „ егзистенцијален предизвик не само за европската иднина на Северна Македонија, туку и за нејзината иднина во целина.

Според нив, ако овој услов е целосно испочитуван, ЕУ мора да заземе проактивен пристап кон проширувањето, како што е предложено од многумина европски претставници и експерти.

„Мора да им биде јасно на сите земји во регионот дека мирното решавање на разликите има придобивки за луѓето на Балканот и нивното раководство. Тие жртви се наградени, а не цинично занемарени“, потенцираат тие во колумната.

„Додека екстремната десница добива сила, демократските, умерените и прогресивните лидери мора да соработуваат и да ги удвојат своите напори да се спротивстават на национализмот и националното повлекување. Самото нагласување на придобивките од европското единство не е доволно. Единствениот начин да се застане цврсто на европските вредности во денешниот свет е да се биде проактивен во донесувањето одлуки, за кои сите знаеме дека се неопходни, и покрај нивната политичка цена“, додаваат Заев и Ципрас.

Според написите во грчките медиуми, кои се осврнуваат на колумната, Договорот од Преспа, потпишан во јуни 2018 година, го реши 25-годишниот спор за името меѓу Грција и Северна Македонија.

реклама

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Бела снегулка - рецепт за омилениот колач на Јованка Броз

Read more

Пет намирници кои никогаш не треба да ги консумирате на празен стомак

Read more

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Македонија

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Read more

Од четврток -13°C: Времето ќе биде стабилно, но многу студено и ветровито

Read more

Службен весник прослави 80-годишен јубилеј

Read more

Коцевски: Ако се утврди дека се работи за тешка дисциплинска повреда, јас самиот ќе се повлечам

Read more
 

Вести

Трамп бара избори во Украина: Може ли Зеленски повторно да победи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кокаин вреден 15 милиони евра најден на дното на Балтичкото Море

Читај повеќе

Лесновска ликовна колонија во Куманово

Читај повеќе

Низа силни земјотреси на Санторини во текот на денот

Читај повеќе

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Читај повеќе

Зеленски по средбата меѓу Русија и САД: Искрено, не ми е ни гајле

Читај повеќе
  • play_arrow

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Читај повеќе

Рубио по состанокот САД-Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина прифатлив за сите страни

Читај повеќе

Охриѓанец проголтал пакетче кокаин при полициски претрес

Читај повеќе