Заев и Филипче на средба со претставници од дејноста прослави и свадби

Скопје, 9 октомври 2020 (МИА) – Претседателот на Владата Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, од претставник на Комисијата за заразни болести и од националните координатори за култура и за комуникации, попладнево одржа работен состанок со претставници на рестораните за свадби и прослави, претставници на ноќните клубови и претставници на дел од музичарите кои настапуваат на естрадата.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, засегнатите страни ја поздравија конструктивноста и отвореноста на Владата и изразија разбирање и свесност за ризиците кои групирањето на граѓаните на отворени и затворени простори ги носи по јавното здравје. Во исто време, премиерот Заев и претставниците на Владата демонстрирале запознаеност и разбирање за економските ризици и загуби кои се случуваат во дејноста прослави и свадби.

– После покажаното меѓусебно разбирање и конструктивниот разговор, заеднички е констатирано дека со оваа средба дијалогот е започнат и дека во периодот што следува претставниците на рестораните за прослави и свадби и ноќните клубови, како и претставниците на музичарите кои настапуваат во нив, до Владата ќе достават конкретни предлози за решенија, после што истите ќе бидат разгледани од стручните тела на Владата, од економски и од здравствено-епидемилошки аспект и ќе следат дополнителни работни средби, се наведува во соопштението.

Заедничка цел на вклучените во дијалогот, посочуваат, е да се спречи какво било зголемување на ризикот по здравјето на граѓаните во услови кога коронавирусот e во експанзија насекаде низ регионот и Европа, да се оневозможат услови за дополнително зголемување на бројот на заболени и со тоа на бројот на смртни случаеви, а во исто време да се најде заедничко решение за поддршка на засегнатите во дејноста прослави и свадби која е меѓу најпогодените, со цел намалување на економската штета.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе