Заев: Изборите се решение, а не проблем

Струмица, 23 мај 2020 (МИА) – Потребно е и одговорно е да се најде решение за изборите да се одржат пред почетокот на летото, најмногу заради здравјето на луѓето. Затоа, нашата, мојата порака е: изборите се решение, а не проблем. Спроведувањето на изборите бара внимателност и одгoворност од секој од нас, при што јасно е дека изборите се единствениот демократски механизам граѓаните да го вратат легитимитетот на законодавната и извршната власт, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Струмица, каде одржа работна средба со кандидатите за пратеници од изборна единица 4.

Додаде дека изборите се потребни да се обезбедат целосно функционални институции, кои ќе го штитат здравјето на граѓаните и кои ќе обезбедат целосен рестарт на македонската економија. Затоа, изборите треба да се одржат во првиот можен термин, согласно законските можности и според состојбата со епидемијата. Повтори дека изборите треба да се одржат со сите мерки на заштита и без масовни настани.

-Северна Македонија мора подготвено и со сто проценти капацитет на инстутициите да го дочека септември. Да бидеме целосно подготвени за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и со очекуваниот нов бран на вирусот, подвлече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Истакна дека СДСМ сака избори на кои ќе учествува опозицијата.

-Ние имаме силен демократски капацитет и како досега ќе направиме се опозицијата да си ја преземе својата одговорност. Заврши времето кога опозицијата, во тоа време СДСМ, дознаваше од телевизија кога ќе се одржат изборите. Се разбира, доколку ВМРО ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес ние нема да имаме избор освен да ги почитуваме законските рокови за изборниот процес, рече Заев.

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија уште еднаш аплираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи тоа е единствниот начин да се спречат пикови на заразата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе