Заев: Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели за пазарите во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност. Упатувам честитки за првата македонска компанија – НЈСК Холдинг, која вложува во најсовремени стандарди за ваков вид фармацевтско производство и која доби лиценца за извоз на европските пазари, објави вчера премиерот Зоран Заев на својот профил на Facebook.

-Владата и надлежните институции, Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства даваат поддршка, со цел оваа индустриска гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи. Имаме намера да основаме неколку фондови од дополнителните даноци што оваа индустрија ќе ги плаќа кон државата и со тоа кон граѓаните како резултат на профитот од извозот на цветот од медицински канабис. Од нивните давачки кон државата ќе ги поддржиме лекувањата на лицата со ретки болести, ќе основаме медиумски фонд за продукција на домашни содржини, како и проекти од областа на културата, спортот и проекти на граѓанскиот сектор, но и работата на Агенцијата за канабис, посочува Заев.

Оваа можност, како што наведува, ќе ја обезбедиме низ строга регулатива исклучиво согласно ЕУ стандарди и правила.

-Од економски аспект, извозот на цвет од канабис за медицински цели значи и нови инвестиции, развој и стимулира отворање нови високоплатени работни места. Да бидеме пред останатите во регионот, да ги следиме современите текови и економските преструктуирања, бидејќи одредени индустрии, може и тоа како да ја поттикнат домашната економија и да помогнат. Во таа смисла, ја поздравувам и поддржувам и работата на работната група за декриминализација на канабисот координирана од Владата и верувам дека низ инклузивен процес ќе се дефинираат најдобрите решенија за користење на медицинските и економските бенефити од билката канабис, наведува Заев на Facebook.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе