Заев: Ќе разговараме за Влада која ќе се грижи за сите граѓани

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – СДСМ, која на парламентарните избори освои 46 пратенички мандати, од денеска ги почнува преговорите за парламентарно мнозинство и за формирање на влада која ќе има полн четиригодишен мандат.

Лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на денешната конститутивна собраниска седница најави дека во следниот период ќе се одвиваат разговори на повеќе нивоа и очекува дека за 10 до 15 дена ќе има исход од овие преговори. Тој рече дека ќе разговара со лидерите на политичките партии и штом има некаков напредок, за што партијата ќе ја информираат јавноста.

„Од денеска почнуваме преговори за четиригодишен полн мандат кој ќе ни донесе четиригодишна влада која е подготвена да сработи. Ќе разговараме за влада која се грижи за сите граѓани ослободена од етнички предрасуди и која нема никакви дилеми – Северна Македонија, едно општество за сите. Ќе разговараме за влада која ќе се бори против корупцијата и криминалот. Особено внимание ќе се посвети на делот за прочитување на судството и потеклото на капитал кај секој функционер“, истакна Заев.

Еден од приоритетите ќе биде и сериозната реформа во администрацијата и нејзиното намалување за 20 проценти, помалиот број на министри, односно кратење ќе има кај министрите без ресор.

Во фокусот на идната влада, како што најави Заев, ќе биде и економијата, продолжување на растот на платите, вложувањето во младите, рамномерниот регионален развој, поддршката за прватниот сектор и грижата за најсиромашните. 

Тагови
реклама

Патничките авиони ќе летаат како птиците во јато

Read more

Топ 5 новитети во iOS 14 за iPhone кои мора да ги пробате

Read more

Објавени првите подетални вести за состојбата на Михаел Шумахер

Read more

Зошто одеднаш Израел почна да си подава рака со арапските земји?

Read more

Македонија

Битиќи: Неблагодарно е јавните пари да се делат по етничка основа

Read more

Груби: Субвенциите за малцинските заедници во моментов е само дебата

Read more

Не стивнуваат реакциите на бугарскиот меморандум

Read more

Променливо облачно време со сончеви периоди

Read more

Вести

Навални од болница: Уште ми се тресат нозете

Читај повеќе

Рекордни 1.002 случаи на коронавирус регистрирани во Полска

Читај повеќе

Битиќи: Неблагодарно е јавните пари да се делат по етничка основа

Читај повеќе

Груби: Субвенциите за малцинските заедници во моментов е само дебата

Читај повеќе
  • play_arrow

Циклонот Јанос пустоши во Грција – двајца загинати, поплави и огромна штета

Читај повеќе
  • play_arrow

Почина најмоќната жена во САД, судијката Рут Бејдер Гинсбург

Читај повеќе

Не стивнуваат реакциите на бугарскиот меморандум

Читај повеќе

Променливо облачно време со сончеви периоди

Читај повеќе

Тачи го одликува Трамп со Орденот на слободата и го покани да го посети Косово

Читај повеќе