Заев: Родната куќа на Конески во Небрегово е прогласена за спомен дом, како значаен споменик на културата

Богатото и комплексно минато на нашата земја и на цивилизациите испреплетени на нејзините простори, ни оставија споменици на разновидноста и на иднината, кои сме должни да ги чуваме и да ги афирмираме како наш придонес во светската културна и споменична ризница, напиша премиерот Зоран Заев на својот Facebook профил по повод 18 април, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, кој оваа година се одбележува под мотото „Комплексно минато: разновидна иднина“.

– Оваа година Северна Македонија на светот му го принесе духовното наследство на Блаже Конески како сведоштво за нашата посебност и автентичен идентитет, а светот го прифати овој наш дар и 100 годишнината од раѓањето на Конески го вклучи во календарот на значајните настани за 2021 на УНЕСКО. Како наш дополнителен придонес за оддавање почит на неговото големо дело, родната куќа на академик Блаже Конески во Небрегово е прогласена за спомен дом, како значаен споменик на културата од македонската рурална архитектура, објави Заев.

Куќата на големиот поет и македонист е уредена во духот на архитектонскиот стил од крајот на 19 век, кога и била изградена со елементи според автентичниот изглед кога е изградена, а денес, дел од собите се музејски простории и места за културни средби.

Премиерот на Facebook пишува дека денес куќата на Конески е меморијален и едукативен центар, отворен за поетски и духовни средби и сведоштво кое ја потврдува мисијата на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, како препознаена и заштитена убавина од нашето минато која му припаѓа и на светот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе