Заев: Санкции и одземање лиценци на бензиски станици каде што се утврдени неквалитетни горива

Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев, во врска со контролите на бензиските станици во земјава за неквалитетни горива и дали има затворено бензиски станици, денеска рече дека прелиминарниот извештај поминал на Влада, а во вторник ќе го имаат и комплетниот сублимат каде што ќе има и санкции од страна на Државниот пазарен инспекторат, а ќе има и препораки до Регулаторна комисија за енергетика за одземање лиценци или слично.

-Тоа се дејствијата. Веќе е соопштено во јавноста каде е надминат процентот на вода, на пепел, немаат доволно петдневни резерви како што е пропишано по Законот и по Правилникот и соодветно сите институции ќе си носат одлуки, но не треба да застанеме тука, рече Заев. 

Тој вели дека контролите ќе продолжат и ќе се проверува дали се почитуваат сите стандарди.

–Еве што покажува денеска истражувачкото новинарство на пример, или будното око на граѓаните преку вас новинарите и медиумите дека се буквално најголемите контроли во името на граѓаните за да ги разбуди институциите и кога имаат одреден недостаток, се со конечна цел да го заштитиме здравјето и интересот на нашите граѓани. Така што продолжија со контроли и по бензинските пумпи и тоа ќе се прави редовно затоа што да мазутот се троши во државата, нафтата се троши најповеќе па после и бензините. Треба да се проверат сите стандарди дали се почитуваат. Ние имаме европски правилници, европски стандарди, имплементирани регулативи од ЕУ, многу е важно сето тоа да се почитува оти од тоа зависи и здравјето на граѓаните, но зависи и интересот на целиот наш народ, рече премиерот Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања на пуштањето во употреба на експресниот пат Штип – Радовиш.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе