Заев, Села и Гаши постигнаа решение, деталите ќе се соопштат откако ќе се стават на хартија

Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши на средбата во Собрание постигнаа договор, но детали ќе се соопштат откако ќе се стави на хартија предлогот со точни правни формулации.

-Завршивме и денеска со состанокот, верувам дека постигнавме договор. Ова што го договоривме ќе го ставиме на хартија, бидејќи има и правни формулации, за потоа да можеме и да ги соопштиме и самите детали, изјави премиерот по средбата.

Појасни дека е договорено решение, но ако го соопштат сега договореното, пред да го стават на хартија, може да се направи различно видување во јавноста.

-На предлог законското решение ќе работат предлагачите, ќе го достават кај нас како извршна васт и веднаш ќе го претставиме пред јавноста, рече Заев.

-Веруваме дека има договор, тоа е вистинската формуалција, затоа што ќе ја видиме кога ќе ја ставиме на хартија. Решение се постигна и не навлегувам во деталите. Има наративно усно решение, целта е да го ставиме на хартија, а денови се во прашање, само да се стави на хартија, потенцира Заев.

Ова беше трета средба на Заев со претставници на албанската опозиција – Алијанса за Албанците и Алтернатива за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.

На средбата присуствуваа и министерот и заменик-министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Назим Буши, пратеничката Илире Дути од Алијанса за Албанците, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, кој е од редовите на БЕСА.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more
 

Вести

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарена цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе