Заев: Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори

Граѓаните се светост и само тие определуваат кој треба да биде избран за градоначалник и затоа ние ги селектираме најдобрите можни кандидати, истакна премиерот Зоран Заев и прв човек на партијата на власт СДСМ, а во врска со амбиентот пред престојните локални избори.

Премиерот Заев нагласи дека СДСМ е фаворит во сите градови затоа што тоа го потврдуваат и анкетите.

-Драго ми е што довербата кај граѓаните за сите наши потенцијални кандидати е голема и затоа сакаат да се кандидираат добри кандидати,  звучни имиња, одговорни луѓе, докажани во професијата и тоа е една голема предност која што не прави фаворити на изборите. Покрај тоа што водиме по анкетите довербата е голема, се верува дека ќе победиме. Но, на крајот граѓаните одлучуваат. Јас можам да ви кажам заради тоа што сме коалициони партнери и со ДУИ, и со БЕСА и со ДПА, имаме коалиција, заедно ќе настапиме за локалните избори. Нормално деталите не можеме да ги кажеме уште оти не ги знаеме имињата, но дефинитивно ги знаеме принципите на коалицирање. Се знае во првиот круг одат сите, после тоа се поддржуваме, фер, така на граѓаните ќе им оставиме сами да ни кажат патот кој е,  кој треба на крајот да биде избран во сите други градови, рече Заев.

На новинарско прашање во врска со кандидатот за градоначалник на Битола, претседателот на СДСМ  Заев одговори дека првите истражувања покажуваат фаворитска основа и за сегашната градоначалничка и за уште неколку квалитетни луѓе.

-Според истражувањaтa градоначалничката Наташа Петровска е еден од најдобрите градоначалници во државата, ама тоа го мисли Зоран Заев. Да видиме битолчани што мислат. Првите истражувања покажуваат фаворитска основа и за неа и за уште неколку наши квалитетни луѓе овде. Но се надевам дека втората и третата анкета коишто се во тек ќе го кажат конечното, затоа што само тогаш можеме да кажеме дека ги слушаме граѓаните кои ни даваат мандат да сработиме и да оставиме зад себе задоволство. Секој пат можеме повеќе. Тоа што е сработено во Битола во минатите години мислам дека покрива два до три мандати на поранешните градоначалници што оставиле. Зошто?  Заради тоа што затекнавме блокирана општина, сега е одблокирана, развиени се проекти буквално насекаде низ Битола, истакна Заев на прес – конференција во Битола. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе