Загина светскиот шампион во сноубординг Алекс Пулен

Двократниот светски шампион во сноубординг Алекс Пулен најверојатно се удавил додека ловел риба со копје во родната Австралија.

Пулен (32) ловел риба под вода во близина на плажата Голд Коус во Квинсленд.

Нуркач го нашол онесвестен под вода на еден вештачки гребен, а локалните спасувачи го извлекле на плажата и се обиделе да му помогнат. Болничарите од екипата на Брзата помош се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

Сноубордерот познат по прекарот Чампи беше носител на знамето на Австралија на Зимските Олимписки игри во Сочи во 2014 година.

Полицијата соопшти дека Пулен најверојатно нуркал сам и не носел маска за кислород.

Чампи претходно на социјалните мрежи објавуваше фотографии од неговите омилени активности: пливање, сурфање и ловење риба со копје под вода.

Спортската бординг заедница се збогува со Пулен преку социјалните мрежи, каде сочувство изразуваат и низа други спортисти и обожаватели на шампионот кои го опишуваат како добар и великодушен човек.

Пулен ја освои шампионската титула во 2011 и во 2013 година и ја претставувал Австралија во сноубординг крос на ЗОИ во 2010, 2014 и 2018 година.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе