Загинатите во експлозијата на плинска боца се деца, четворица од повредените се со висок степен на изгореници

Денеска околу 10 часот во с.Романовце, кумановско во куќа во сопственост на Ш.А. при експлозија на 20-литарска плинска боца настанал пожар во кој загинаа три лица, а седум се повредени.

Три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот, а седум лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите истите се префрлени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“.

Од вкупно седумте пациенти кои се здобија со изгореници при денешната експлозија, четворица се во тешка состојба со висок степен на изгореници.

Ова попладнево го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој беше во посета на повредените пациенти хоспитализирани на КАРИЛ.

– Четворица се сместени во Клиничкиот центар и тројца во старата Градска болница. Од четворицата сместени, двајца се наоѓаат на Клиниката за пластична хирургија, тоа се двајца мажи на 60-годишна возраст и две жени на 40 и 45-годишна возраст во Одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување. Од тројцата пациенти во старата Градска болница, една жена на 40-на години е во одделот за интензивна нега, интубирана е на респираторна машина, има помлада жена од 20-на години која е бремена, во овој момент се вршат прегледи од страна на гинеколог и едно дете кое има мал процент на изгореници, изјави Филипче.

Додаде дека се преземаат сите мерки на интензивно лекување во старата Градска болница каде е започната хируршката интервенција за обработка на раните на детето, и оти будно ќе се следи состојбата од експертите од пластична хирургија и од дежурните анестезиолози.

Жителите на кумановско Романовце не паметат ваква несреќа со голем број на жртви и повредени од едно семејство.

Денеска и заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го посети селото, се сретна со мештаните и изрази сочуство.

-Заедно со заменик директорот на Бирото за јавна безбедност и со заменик началникот на СВР Куманово да изразиме сочувство до семејството Алими. Ова е навистина голема трагедија. За жал е констатирано дека три деца се починати, рече заменик министерот Нухиу.

Тој информираше дека на местото на несреќата излегле јавното обвинителство, службите од МВР. Според првичните проценки, вели заменик-министерот станува збор за пожар предизивикан од плинска боца. Во текот на денот и наредниот период, додаде се очекува конечниот извештај од јавното обвинителство. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе им се понуди помош на семејството, Нухиу истакна дека институциите ќе понудат поддршка од сите апскети, вклучително и медицинските екипи.

Претседателот на месната заедница, Таџедин  Есапи, жали за трагедијата што се случи во нивното село во кое починаа три малолетни деца.

-Сите сме во жалост. Ваква трагедија немало во селото. Ми се јави кумановскиот градоначалник кој изрази сочуство и изрази подготвеност да му се помогне на семејството, вели Есапи.

Командирот на смена од кумановската противпожарна единица, Видан Трајковски, рече дека кај нив пожарот бил пријавен во 10.10 часот.

-По прием на дојавата, изглевме на терен со едно возило и четири пожарникари. Интервениравме на пожар во семеен дом. Пожарот е настанат од експлозија на плинска боца во просторијата имаше повеќе повредени и ние имаме информации дека три деца се починати, изјави Трајковски.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе