Што значи да сте заглавени во врска? Што понатаму?
Ниту се чувствувате доволно среќни за да останете во врската, ниту чувствувате дека сте сосема слободни да продолжите понатаму.
Но, зошто е толку тешко да продолжите? Од каде доаѓа тоа чувство на заглавеност? Што би можеле да направите за да го надминете?
Оваа епизода на The School of Life е посветена на оние кои се заглавени – ем посветени да останат, ем во искушение да заминат – но со сигурност не можат да ја решат дилемата.
Тие се заглавени меѓу периоди во кои успеваат да се убедат дека можеби сепак ситуацијата е поднослива и дека станува збор за криза и периоди во кои стравуваат дека можеби го прокоцкуваат и тој еден живот и шанса за среќа што го имаат.
Растргнати меѓу овие драстично различни чувства на срам и клаутрофобија, стануваат сѐ послаби во соочувањето со дилемата и тука настапува фантазирањето дека некој или нешто друго – родител, владата, војна, болест, божја интевенција – би можело магично да го реши овој проблем.