Зајакнати жени - Зајакната економија

Зајакнати жени е приказна за три неверојатни жени од Република Северна Македонија кои, и покрај сите пречки, успеаја да станат успешни жени претприемачи, давајќи им поттик на други жени и девојчиња низ земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Тие се доказ дека кога жените ги имаат истите права и можности како и мажите, нивните семејства и заедници напредуваат и уживаат во повеќе благодети.

Јасмина Котевска од Суводол, Демир Хисар, има диплома по историја на уметност, но вели дека нејзиното занимање е овчарството: „Овчарството е семејна традиција која изумира. Земјоделството беше единствената опција што ми остана. Кога прв пат почнав да работам со овци, почнав да развивам чувство за дисциплина и одговорност. Мислам дека позитивно влијаеше на мојот карактер. Сметам дека жените се сосема способни да вршат машки работи и обратно“.

Економското зајакнување на жените е процес на трансформација кој им помага на жените да го зголемат своето право на економски ресурси и моќта да донесуваат одлуки. Со инвестирање во економското зајакнување на жените се олеснува и забрзува намалувањето на сиромаштијата и се подобрува еднаквоста помеѓу мажите и жените. За многу жени не е лесно да се справат со различните улоги што ги имаат, истовремено да обезбедуваат приходи и да се грижат за семејството, но трудот е награден со независност и можности.

Вангелина Пармачка од село Будинарци, Беровско, е земјоделец и сопственичка на земјоделски бизнис. Таа вели дека има многу секојдневни предизвици: „За мене, како жена, водењето земјоделски бизнис е предизвик, бидејќи морам да работам и на нива и на фарма, но и да ги завршам обврските како мајка и домаќинка.“ Сепак, нејзината порака е едноставна: „Жени, бидете храбри, станете сопственички на вашите земјоделски бизниси, бидејќи каде и да одлучите да аплицирате, за тоа ќе добиете дополнителни поени!“

Ирена Наумоска од Горно Коњско, Охрид, вели дека имала целосна поддршка од сопругот кога го започнала семејниот бизнис, иако не поседува земјиште: „На почетокот беше тешко да прифатат жена да води бизнис. Мојот сопруг никогаш не пререкол за фактот дека јас го водам бизнисот. Имам целосна поддршка од него. Значи, сè што правиме, правиме заедно. Јас сум сопственичката на бизнисот, го водам ресторанот, но не сум сопственичка на земјиштето. Земјиштето сè уште е во сопственост на родителите на мојот сопруг. Тоа понекогаш може да биде пречка бидејќи немаме право да аплицираме за некои грантови што ги доделуваат државните институции или за странски грантови. Но, ако се решиле да направите нешто, никогаш не се откажувајте!“

Remote video URL

Овие три жени, како и жените ширум светот, се издржливи и снаодливи економски чинители, кои ги надминуваат постојаните родови бариери, во обид да создадат економска сигурност за нивните семејства и заедници.

Жените даваат огромен придонес за економиите, без разлика дали е тоа преку бизниси, на фарми, како женипретприемачи или вработени, или со неплатена работа за грижа за домот. Економското зајакнување на жените е суштински дел на инклузивниот економски развој и просперитет.

Економиите ширум светот се поотпорни, попродуктивни и поинклузивни кога ги намалуваат родовите нееднаквости и активно го поддржуваат еднаквото учество на жените во сите сфери на животот. Затоа земјите од ЈИЕ треба да вложат двојно повеќе напори за проактивно информирање и едуцирање на жените за нивните уставни и законски права на пристап, сопственост и сосопственост на земјиште и други форми на имот, финансиски услуги, наследство и природни ресурси.

Регионалните проекти „Поддршка на економската диверзификација на руралните области во Југоисточна Европа“ и „Отворени регионални фондови за Југоисточна Европа-правна реформа“, што ги спроведува Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, во име на германското Сојузно министерство за економски развој и соработка (BMZ), ги поддржуваат жените во остварување на својот економски и социјален потенцијал. Една од целите е да се поттикнат жените од руралните средини да бараат права на земјиште, лидерство, можности и избори, за да можат да ги пласираат своите добра и да дадат силен придонес за инклузивен економски раст.

Со таква поддршка, жените добиваат моќ да создадат подобар живот, да заработат повеќе приходи и да создаваат бизниси кои обезбедуваат работни места и ги зајакнуваат локалните економии.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе