Захариева: Не можеме да одобриме старт на преговорите со Скопје додека не добиеме правни гаранции

Додека не добиеме правни гаранции – и од Скопје и во контекст на процесот на преговори со ЕУ, дека ќе дојде до промена на сегашната политика, ние не можеме да се согласиме на одржување на првата меѓувладина конференција и на старт на преговорите за членство со Северна Македонија, изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Бугарските национални интереси во Република Северна Македонија се предмет на јавен и политички консензус, пренесувани со генерации во надворешната политика на Бугарија и потврдени во Декларацијата на Народното собрание од 10 октомври 2019 година. Оваа Декларација е пример за континуитет и меѓупартиски консензус со што можат да се пофалат само мал број земји. Тоа ни ја даде потребната политичка тежина со цел самоуверено да го браниме нашиот национален интерес во разговорите со Скопје, нагласиа Захариева во обраќање пред пратениците на бугарското Собрание, кои ги информираше за најновиот развој на настани во односите со земјава.

Како што јави БГНЕС, Захариева истакна дека Бугарија ќе ги вложи сите неопходни напори за „постигнување квалитативно нов почеток во односите“ со земјава, додавајќи дека Софија во нив отсекогаш покажувала „конзистентност, предвидливост, транспарентност и конструктивност“.

– И покрај сите наши манифестации на добрососедство, Скопје не ја смени суштината на својата политика кон Бугарија. Обврските кон нашата земја останаа само декларативни, а во суштина Скопје ја продолжи својата политика за поддршка на неоснованите малцински, историски, јазични и други претензии. Имаме долга листа на примери во кои тие не се придржуваат до потпишаните билатерални документи, рече Захариева од собраниската говорница.

Според неа, луѓето во Македонија „се уште се во машата на тоталитарното размислување“, за што како пример ја посочи, како што рече, „прославата на годишнината од смртта на Тито, организирана од градоначалникот на Скопје“.

– Додека голем дел од другите републики на поранешна Југославија им оддаваат почит на големиот број жртви на режимот на Тито, во Скопје се велича неговото наследство. За жал, оваа идеолошка конструкција, негувана од „длабоката држава“ го заробува општеството, додаде бугарската министерка за надворешни работи.

Како други примери во застојот на односите меѓу двете земји, Захариева посочи наводни „административни пречки за бугарскиот бизнис во Македонија, доцнење на транспортниот коридор број 8, антибугарска реторика во медиумите и искривена медиумска презентација на бугарската позиција“.

– Ја оставме отворена вратата за комуникација и во секој момент сме подготвени за билатерални преговори со Република Северна Македонија, додаде Захариева. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарена цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе