Заморано ја откри приказната зад славниот дрес со број 1+8: Идејата беше на Мацола

Поранешниот голгетер на Интер откри треба заслужен за фамозната бројка 1+8 која ја носеше на дресот е легендарниот Сандро Мацола.

Поранешниот репрезентативец на Чиле, Иван Заморано, настапуваше за Интер кога летото 1997 година во нападот му се придружи Роналдо. На почетокот Бразилецот радо ја прифати десетката, иако во Барселона го носеше дресот со бројот 9, кој во Интер го имаше Заморано.

Чилеанецот продолжи да ја носи деветката, но потоа доброволно се понуди да му ја отстапи на Роналдо за наредната сезона, опишувајќи го како „најдобриот напаѓач на светот“. Тука на сцена стапил легендарниот Мацола.

„Како соиграч го имав најдобриот напаѓач на светот - Луис Назарио де Лима Роналдо. Гледајќи го на тренинзите беше навистина неверојатно. Неговите физичка подготвеност, техника, брзина; разликата во дуелите еден на еден, беше неверојатен. Во првата сезона на Рони во Интер, не ми рече ништо за бројот. Јас продолжив да ја носам деветката, а тој ја зеде десетката. Имавме порилика да го освоиме УЕФА купот во Париз против Лацио. Јас постигнав гол, Роналдо и Занети исто така погодија. Тоа беше вистинска јужноамериканска забава! По Мундијалот во 1998, Роналдо се врати преморен, ментално беше уништен, а во разговор со Сандро Мацола, ми рече: Зошто не му ја дадеш деветката на Рони и да го расположиш? Ќе биде среќен'“, открива Заморано говорејќи за TyC Sports.

Мацола е поранешен напаѓач на Интер од 60-тите и 70-тите години на минатиот век и една од легендите на италијанскиот фудбал. Целата своја кариера, вкупно 17 сезони, ја минал во Интер и притоа освоил 4 Скудета (1962/63, 1964/65, 1965/66, 1970/71), 2 Европски купа (1963/64, 1964/65 - денес Лига на шампиони) и 2 Интерконтинентални купа (1964, 1965). Со Италија стана европски шампион во 1968, а загуби во финалето на Мундијалот во 1970. Син е на Валентино Мацола, ѕвездата на Торино кој загинал во авионската несреќа кај Суперга во 1949 година.

Сандро Мацола

Заморано вели дека немало никакво его од негова страна и дека му било задоволство да го даде својот број на дрес на неговиот соиграч, но сѐ што сакал да направи е да сфати што неговиот нов број значи за него.

„Не се бунев, му го давав мојот дрес на најдобриот на светот. 'Но, кој дрес ќе го носам јас?' На што Сандро ми рече: 'Зошто не го земеш бројот 18 и да ставиш + на средината?'“, додава Чилеанецот.

„Му реков? 'Зар може така?' Ми врати: 'Да'. И така си земав 18-ка. На почетокот лепевме трака и правевме знак, но после четвртиот или петтиот натпревар производителот на спортска опрема кој го снабдуваше Интер почна да ги праќа моите дресови со 1+8. Тоа беше најпродаваниот дрес во историјата на италијанскиот фудбал“.

Десетката на Роналдо и 1+8 на Заморано, едни од најретките дресови во Калчото - денес во Музејот на Интер

Иван Заморано дојде во Интер летото 1996 година од редовите на Реал Мадрид и остана 5 сезони кај „Нераѕурите“ пред да се пресели во мексиканскиот Америка во 2001 година. Одигра вкупно 138 натпревари во сите натпреварувања и постигна 41 гол, од кои голем дел во негов препознатлив стил - со глава.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе