Запленети 36 килограми марихуана, приведени двајца кумановци

МВР извести дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против А.И. (59) и З.М. (52), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.


А.И. и З.М. од Косово набавиле марихуана заради понатамошен транспорт до Р. Турција, со цел стекнување на противправна имотна корист. На 04.11.2020 тие отпатувале во Косово за да ја преземат марихуаната, по што се вратиле во Северна Македонија, а товарното возило во кое била марихуаната по насоки на А.И. било паркирано на договорена локација во Скопје. На 09.11.2020 З.М. по инструкции на А.И. тргнал за Турција при што на автопат Скопје-Велес изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Од страна на полициски службеници од ЕНТД извршен е преглед на товарното моторно возило при што во истото пронајдена е марихуана.


Пронајдената марихуана е предадена за вештачење и утврдено е дека е со вкупна нето тежина од 36 кг. Лицата се лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, пришто одредена име мерка притвор во траење од 30 дена, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Хроника

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more

Малолетник избоден на Бит-пазар, напаѓачите му барале пари

Read more
 

Вести

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе