Започна пријавувањето за учество на седмото издание на Охрид трчаТ

Од 2 до 4 јуни идниата година ќе се одржи 7. издание на атлетската манифестација Охрид трчаТ, во чии рамки ќе се реализира и Ohrid running weekend.

Пријавувањето за атлетската трка, како што соопшти денеска претседателот на здружението Охрид трчаТ, Иван Цветкоски, е во тек.

– Љубителите на трчањето и спортот имаат три опции за пријавување. Првата опција и вистински предизвик е трката на 21 километар, втората е трката на 5 километри и третата опција е штафетниот полумаратон, два пати по 10 километри и 550 метри, информира Цветкоски.

Стартниот пакет на 21 километар, според него, промотивно до 31 декември ќе чини 1.200 денари, за 5-километарската трка е 700 денари, додека за штафетниот полумаратон е 2.400 денари.

– Во склоп на трките на 21 и 5 километри традиционално составен дел ќе бидат и тим билдинг трките. Како и за секоја година и за оваа подготвуваме богат стартен пакет за сите оние кои ќе се пријават на една од нашите трки. За сите учесници, гости и граѓани на Охрид подготвуваме викенд програма, која ќе содржи многу активности за сите возрасти, додаде Цветкоски.

Подетални информации околу пријавувањето и трката има на интернет страницата на Атлетскиот клуб Охрид трчаТ www.ohridtrcat.mk, како и на социјалните мрежи.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе