Запознајте ја Гли: Мачката која со години живее во Аја Софија
Аја Софија во Истанбул е изградена во 537 година и во меѓувреме била многу нешта – од православна црква до католичка катедрала, па отоманска џамија и музеј.
Турскиот претседател неодамна донесе декрет со кој Аја Софија повторно доби статус на џамија. Оваа контроверзна одлука предизвика критики од страна на УНЕСКО и многу други верски и политички лидери. Некогашната базилика ќе биде отворена за посетители кога во неа нема да има молитви, а остануваат и христијански симболи кои ќе бидат отстранувани само за време на молитвите.
Но, што и да се случи, мачката Гли ќе остане да живее во музејот. Таа со години наназад ги пречекува туристите кои доаѓаат од сите страни на светот и се дружи со нив.
Погледнете ја галеријата.