Застанува речиси цела Германија поради масовниот штрајк на синдикатите

Во Германија денеска ќе се одржи најмасовниот штрајк во последните три децении, а лидерот на германскиот синдикат за услужни дејности „Верди“, Франк Вернеке, изјави дека штрајкот е прашање на опстанок на илјадници луѓе кои се борат за повисоки плати додека расте инфлацијата.

Според најавите на синдикатите, во Германија речиси сѐ ќе запре, пренесува Deutsche Welle.

Возовите нема да сообраќаат речиси воопшто, а од аеродромите ќе работи само берлинскиот.

Градскиот превоз треба да запре во седум од 16-те провинции.

Штрајкот ќе остави милиони луѓе без редовен превоз, а патиштата најверојатно ќе бидат заглавени со автомобили.

Ваков предупредувачки штрајк свикаа двата главни синдикати, Синдикатот на железничарите и транспортни работници (ЕВГ) и Синдикатот на услужни дејности „Верди“.

Синдикатите бараат повисоки плати поради поскапувањата, како и подобри услови за работа за речиси 2,7 милиони вработени во јавниот сектор и транспортните дејности.

Од утре почнува новата рунда преговори.

„Верди“ бара зголемување од 10,5% за јавните службеници, чии плати се еднакви на примањата на многу вработени на аеродромите или во јавниот превоз, но минималното зголемување да биде 500 евра месечно бруто.

Синдикатот ја одби понудата на работодавачот поскапувањето да биде 5% и да се изведе во два чекора, како и да се исплати еднократен износ од 2.500 евра.

На синдикатот ЕВГ слично му понудија и Германските железници и педесетина други железнички компании. ЕВГ го одбива ова, барајќи 12,5 отсто% поголеми плати и најмалку 650 евра месечно.

Анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење YouGov покажува дека 55% од граѓаните го поддржуваат штрајкот.

Синдикатите најавија дека штрајкот ќе трае еден ден и дека состојбата ќе се нормализира веќе утре.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе