Затворени уште 22 угостителски објекта кои не постапиле по препораките на Владата

Затворени се дополнителни 22 угостителски објекта во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово, а шеесеттина трговци неосновано  покачиле цени на производи, претежно на лимоните, констатирале инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во тек на 5155 надзори што ги спровеле од 22-27 месецов. По налог на инспекторите цените се вратени на претходно ниво.

Во тек на 748-те контроли што ги спровел Државниот инспекторат за труд се изречени 13 решенија и 48 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораките на Владата. Трудовиот инспекторат констатирал дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од Covid-19, информира денеска на прес-конференција претседатеката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

Како дел од активностите за контрола на почитувањето на мерките и активностите од Владата за спречување на коронавирусот,  шесте инспекторати при Инспекцискиот совет спровеле вкупно 7637 надзори од 22. до 27. месецов.

При спроведени 367 надзори од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се изречени 19 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедноста на храна од овластени институции, а констатирана е и работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка, при што вработените се веднаш отстранети од објектот. Дополнително се издадени и четири решенија за месарници и маркети за констатирана општа лоша хигиенска состојба во објектите поради што е наредена дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил 246 инспекциски надрзои и дополнително издал 2774 дозвили за влез на професионални возачи  на товарни возила во државава, а констатирано е дека возачите се придржуваат на пропишаните препораки за зашитита од Covid-19.

Сто и осумдесет контроли спровел Државниот инсекторат за транспорт. Констатирал дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран и намален за 90 проценти, а еден автопревозник не ги почитувал препораките за преполовување на броот на патници.

- Не се откриени специфични отстапувања кај аптеките, каде Агенцијата за лекови извршила 36 надзори. Секторот ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број лица, а цените се согласно препораките на Владата, рече Филиповска Грашкоска.

- Инспекциските служби продолжуваат да работат интензивно. Секој кој нема да ги почитува мерките ќе биде санкциониран, затоа што тие се донесени, пред се, за заштита на јавното здравје, потенцираше Филиповска Грашковска, повикувајќи на одговорност од секој поединец и правен субјект. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе