Затвореник од Идризово мамел газди на кафеани преку телефон, се претставувал како обвинител

СВР Струмица - ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П. (45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени едно кривично дело „измама“ и две кривични дела „измама во обид“.

Пријавениот И.П., кој во моментот издржувал затворска казна во Казнено поправна установа – Затвор „Идризово“, во периодот од 05.12 до 21.12.2024 телефонски контактирал тројца жители на Гевгелија, сопственици на угостителски објекти, притоа лажно претставувајќи се како вработен во државни институции (Јавно обвинителство и Државен санитарен инспекторат) ги довел во заблуда оштетените ветувајќи им дека за определени парични средства ќе им помогне во решавање на случаи по наводни поднесени пријави до надлежни институции за труење со храна во нивните објекти.

Во еден од случаите оштетениот со посредство на трето лице му дал паричен надомест во износ од 2.000 евра на пријавениот, а по неколку дена, откако сфатил дека е измамен, случајот го пријавил во полиција. Од страна на полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Гевгелија и СВР Скопје во координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, ОСОСК Скопје и ОЈО Гевгелија биле преземени повеќе активности со цел откривање на сторителот, при што бил извршен и претрес во затворска ќелија, каде биле пронајдени предмети кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.

Тагови
реклама

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Хроника

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Read more

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Read more

Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за кичевчанка

Read more

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Read more

Вести

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Читај повеќе

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Читај повеќе

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Читај повеќе

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Читај повеќе

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Читај повеќе

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Читај повеќе

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе