Заврши судењето на Саркози, пресуда на 1 март

Судскиот процес против поранешниот француски претседател Никола Саркози во аферата против корупцијата и трговија со влијанија заврши вчера во Париз, а одлуката на судот е закажана за 1 март 2021 година.

– Сè уште имам доверба во правдата на нашата земја, рече Саркози, чие судење почна на 23 ноември.

Судењето заврши со изнесување на ставот на одбраната, додека обвинителството за Саркози побара четири години затвор, од кои две условно.

Обвинителот Жан-Лук Блашо побара исти казни за уште двајца обвинети во истото судење, поранешниот судија Жилбер Азибер и поранешниот адвокат на Саркози, Тјери Ерзог.

Блашо за Ерзог побара и да му биде забрането пет години да ја извршува својата професија.

Судијата со остар тон рече дека аферата има разорни последици што влијаат на вредностите на Републиката затоа што ги загрозила правосудната институција, адвокатската професија и имиџот на претседателот.

Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, чека уште едно судење на пролет 2021 година. Нему, заедно со уште 13 лица, ќе им се суди под обвинение за незаконско финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година.

Пред Саркози, чие судење се смета за преседан во Франција, друг поранешен претседател се соочи со судење по напуштањето на функцијата. На Жак Ширак му се судеше за проневера, но не за време на неговиот претседателски мандат, туку додека беше градоначалник на Париз.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе