Завршни тестови пред официјалното претставување на новиот Peugeot 408

До официјалното претставување на 22 јуни, новиот Peugeot 408 ќе се појави во маскирано издание за да ги скрие деталите. Дополнително, ќе продолжи да минува низ најстрогите тестови за наесен сѐ да биде подготвено за почеток на сериското производство.

Новиот автомобил би можел да ги надмине очекувањата, бидејќи неговата програма за валидација вклучува исклучително прецизен протокол кој се состои од тестови на пат, патека, лабораторија и наменски тестови. Целта е бескомпромисен квалитет и извонредност од првите произведени примероци.

За да се постигне извонредност во однос на перформансите и квалитетот, возилото треба да помине низ цела низа тестови и испитувања во различни фази на развојот. Најпрво со помош на исклучително напредни компјутерски програми се вршат различни симулации кои овозможуваат побрз развој со најефикасна употреба на ресурсите. Пред нешто повеќе од една година беше лансиран Планот за внатрешна валидација (Internal Validation Plan - IVP), кој вклучува серија тестови за секој поединечен дел и модул на возилото.

Тимовите одговорни за валидација добија строго камуфлирани прототипови на новиот модел PEUGEOT 408: за комплетирање на илузијата, додадени се пластични и пена елементи под маскирните налепници чија графика го нарушува разбирањето на линиите и димензиите.

Тестните примероци на PEUGEOT 408 поминаа вкупно речиси 1.100.000 km во сите можни услови, на сите видови патишта и во широк спектар на климатски услови. Премин преку газа, асфалт и нерамни патишта, патеки со чакал, возење при екстремни временски услови како топлина и студ, дење и ноќе... Сè е многупати тестирано, испитано и оценето. Секој километар возење во овие екстремни услови е еднаков на неколку десетици поминати километри во нормално возење.

Со текот на времето и во зависност од барањата за тестирање, камуфлажата на новиот модел станува полесна. Сепак, скриени од очите на јавноста, на тест пултови, во лаборатории и во воздушни тунели, немаскираните тест модели се подложени на голем број други тестови, честопати многу построги од оние на патиштата. Клупата за тестирање со четири столба ги симулира најекстремните оптоварувања за да одреди кои структурни елементи се клучни за замор: невозможно е лицето зад воланот да го издржи товарот на кој е подложено возилото за време на таков тест.

„Нашата цел е извонредност. Покрај основниот технички квалитет на новиот Peugeot 408, ги тестираме неговите перформанси во различни ситуации во кои може да се сретнат неговите корисници. Кога тестираме возила на пат, во лаборатории и на тест клупи, ги поставуваме и за да ја постигнеме извонредноста кон која толку многу се стремиме, си поставивме исклучително високи барања. Вистинско задоволство е да се работи напорно на овој проект. Сите во тимот се заљубени во новиот Peugeot 408“, додава Емануел ЛАфори, проектен менаџер за Peugeot 408.

Атрактивна силуета на новата генерација на моделот на Peugeot

Под најновата камуфлажа на новиот модел 408, може да се види динамична купе-лимузина со зголемено растојание од подлогата, големи тркала и мачкина става типична за моделите на оваа марка.

Новиот Peugeot 408 е дизајниран да нуди вистинско уживање во возењето, а неговите аеродинамички својства се целосно рафинирани за да се оптимизира продорот на воздухот од сите агли.

Новиот модел на Peugeot на пазарот ќе биде претставен под името Peugeot 408, освен во Кина каде што ќе се продава под името 408X.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе