Здравите навики се стекнуваат рано – Виталиа совети за почеток на школската година

Често се вели дека „лошите навики тешко се менуваат“, но истото важи и за добрите навики, кои откако еднаш ќе бидат стекнати, најчесто остануваат со нас до крајот на животот. Најдобриот пример за ова се навиките во исхраната, кои најчесто ги стекнуваме на помала возраст и потоа ги практикуваме цел живот без воопшто да забележиме дека тоа се наши лични, стекнати преференци.

Особено кај децата во формативни години кои се сѐ уште во училишните клупи е исклучително важно редовно и правилно да се хранат за да создадат добра основа за здрав живот. Правилната исхрана ќе му даде на детето енергија, ќе ги зајакне неговите коски, а редовноста на оброците ќе помогне на детето да се заштити и да ги спречи хроничните дигестивни болести во иднина.

Но, што сѐ опфаќа „правилната“ исхрана и како истата да ја направиме „редовна“?

Македонската компанија за здрава храна Виталиа има неколку совети за вас кои ќе ви помогнат полесно да се справите со овој предизвик.

За почеток, најважно е да идентификувате што му е потребно на детето во секојдневните оброци. Разновидна храна полна со нутриенти, свежи производи, како и храна богати со растителни влакна треба да бидат дел од приоритетите при креирање на детското мени. А бидејќи обично семејството има најголем ефект кон формирањето и развојот на карактерот и навиките кај децата, најдобро е едукацијата за она што е „добра храна“ да започне од домот. Тоа најдобро се прави преку поставување на позитивни примери, кои доаѓаат од родителите, браќата и сестрите. Затоа, при следниот појадок додека подготвувате вкусни мусли за сите, објаснете им на децата зошто тие се идеална храна за почеток на денот. Муслите се лесни, брзи за подготовка и му даваат енергија на телото за цел ден, а во комбинација со јогурт делуваат добро и на целиот метаболизам, освежувајќи го и будејќи го со своите пробиотски својства. А кога детето ги гледа родителите, често се решава да ги копира нивните постапки – оттаму и важноста на оставањето на добар пример.

Брз и здрав појадок

Сепак, не секогаш ќе имате време да јадете сите заедно во удобноста на вашиот дом. Понекогаш, децата брзаат за на училиште и поради тоа појадокот или ручекот мора да ги јадат таму, па затоа е добра идеја секогаш да имате на располагање брз, но здрав оброк за нив. Ако повторно се решите за мусли, тогаш каталогот на Take Away Muesli за инстант подготовка на Виталиа нека ви послужи како инспирација, а вашето дете може да си го одбере омилениот вкус.

Вкусна и енергетска ужинка – основа за исполнет ден

Бидејќи децата често имаат моменти кога им се јаде, но не сакаат да јадат целосен оброк, препорачливо е секогаш да имате подготвено соодветна, здрава ужина за нив. Дали ќе се решите за некој од различните вкусови на барови без додаден шеќер или пак за солени, крцкави крекери, знајте дека ужината е единствено корисна кога носи додадена вредност. Ваквите здрави закуски ќе го научат детето дека здравата храна навистина може да носи задоволство, а не само да биде обврска.

Правилната и редовна исхрана е важна за луѓето од сите возрасти, но особено се потенцира нејзината важност кај децата на училишна возраст, бидејќи тогаш нивното тело сѐ уште расте и се развива, па затоа му е потребна најдобрата поддршка во овој процес. Формативните години се клучни за зајакнување на физичката способност, когнитивните функции и имуниот систем, и поради тоа Виталиа ве потсетува да му помогнете на вашето дете, помал брат, сестра или роднина, да ги научи здравите прехранбени навики и секогаш да знае точно што јаде.

Со среќа во учебната година!

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Промо

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе
  • filter

17 април 1492, Колумбо се договорил со шпанскиот крал да бара нов пат до Индија

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе