Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките

Околу 70 проценти од активните случаи и новозаразените со коронавирусот се во рамките на познатите кластери, но има и нови, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој потенцира дека појавата на нови случаи е секогаш поради истата причина, а тоа непочитувањето на мерките. Посочи дека меѓу новите кластери се лица заразени на две свадби во Охрид и Скопје.

– На семејна прослава во Охрид со околу 200 присутни, досега се потврдени 8 позитивни пациенти, 40 контакти се во изолација, додека на свадба во Скопје, на која имало стотина луѓе, досега се потврдени се 14 позитивни на вирусот. Голем проблем на епидемиолозите и инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) им создава несоработката на присутните на таа прослава, рече Филипче, кој потенцира дека и покрај забраната, луѓето прават масовни собири, а згора на тоа не се кажуваат точни информации и не ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести.

Министерот Филипче изјави дека кој било настан, вклучувајќи ги и изборите, доколку е организиран според протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, не претставува ризик по граѓаните.

Во однос на штипските конфекции, Филипче информира дека се земени се 778 брисови, од кои потврдени се 126 позитивни случаи и хоспитализирани во болницата се 24 лица. Сите останати се на домашно лекување или во самоизолација, во зависност од симптомите. Од решенијата вкупно издадени од ДСЗИ, 400 лица се контакти.

Тој рече дека состојбата во Штип, и во тетовско постепено се смирува, но останува жариштето во Скопје, особено населбата Чаир, каде има најголем број потврдени случаи.

Од вчера регистрираните 175 случаи, 131 се во Скопје, од кои 14 се од Чаир. Оваа скопска општина и натаму останува со најголем број заразени. Заклучно со завчерашната бројка, вкупно заразени во Чаир се 209, по што следат Бутел со 76, Аеродром и Гази Баба со по 75, Центар со 73, Карпош со 72, Сарај 64, Кисела Вода 43, Ѓорче Петров 35, Шуто Оризари 26 и Студеничани и Арачиново со по 24 заразени. Илинден има вкупно 19 заразени со COVID-19, Петровец 6, Чучер Сандево 4, Сопиште 2, а двајца од заразените се странци.

Со вчерашните 175 заразени, вкупната бројка на заразени се искачи на 3.538, од кои активни се 1.687, а оздравени 1.682. Од почетокот на епидемијата починаа 169 лица, од кои вчера пет. Тројца од Скопје, на возраст од 59, 60 и 64 години, еден пациент од Гостивар (72) и еден од Прилеп (72).

Министерот за здравство Филипче истакна дека не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа во државата и дека болниците сè уште имаат капацитет да ги згрижат заболените. Тој информира дека од понеделник медицински персонал од државата ќе се приклучи на тимовите во Градската општа болница „8 Септември“. Се работи за 10 лекари и исто толку медицински сестри.

Поради големиот број на новозаболени, се одложува за една недела нормализирањето на работата на клиниките, од претходно договореното.

Матичните лекари засега не се планирани во таргетираниот скрининг на одредени критични категории на пациенти за COVID-19, но тие можеби ќе бидат опфатени подоцна, изјави вчера Филипче.

Над 30 проценти од смртните случаи се од првиот до петтиот ден од хоспитализацијата, што е доказ дека пациентите, за жал многу доцна доаѓаат во болница. Многу е тешко да се утврди причината.

Во однос на тоа дали е почната постапка против матични лекари кои не веруваат во вирусот и не ги упатуваат граѓаните на лекување, според информација на Лекарската комора, и дали од хоспитализираните има нивен пациент, министерот Филипче рече дека има пациенти, кои многу доцна се јавуваат во болница и тоа го покажала анализата на смртност.

Филипче упати апел сите пациенти во болниците да кажуваат точни податоци, а за давањето неточни рече дека ќе инсистира тоа да се санкционира.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе