Здружение „Од нас за вас“: Непримањето на невакцинираните деца во градинките и училиштата е најбрутална дискриминација

Скопје, 18 септември 2019 (МИА) – Здружението „Од нас за вас“ реагира на забраната за упис на невакцинирани деца во градинките и училиштата и смета дека со ова се прави најбрутална дискриминација на најмалите.

Оттаму велат дека настанат е хаос бидејќи родителите не знаат дали треба ги вакцинираат децата само со МРП вакцината или треба да имаат уреден вакцинален картон, а и градинките и училиштата не знаат каква потврда треба да донесат родителите. Невозможна мисија, според здружението, е и да се извади потврда од здравствените диспанзери. Ситуацијата е таква, велат од ова здружение, бидејќи нема писмен допис, туку се се сведува на усни наредби.

– Не е работа на училиштата да кажуваат дали детето ги има примено вакцини или не. Нивна должност е да го запишат детето во училиште и да му овозможат настава. Во новиот закон за основно образование посебно е воведена забраната за заштита од дискриминација. Ова е најбруталната дискриминација извршена врз децата, истакна претседателката на здружението Гордана Гоџо на денешната прес-конференција.

Од Здружението прашуваат зошто во 2011 година кога била прогласена епидемија од сипаници или во 2014 година кога исто така била висока бројката на заболени, не била донесена ваква одлука за вакцинација.

– Тривалентната вакцина МРП ги содржи живите вируси на морбилите, рубелоата и заушките. Зошто едно здраво дете кое ги има прележано малите сипаници му се наложува да ја прими МРП вакцината. Дури има и дечиња кои ги имаат прележано сите три болести и им се наложува да ја примат оваа вакцина. Зошто се прави оваа присила за примање вакцина, прашува Гоџо.

Одлуката да не се примаат невакцинирани деца, според неа, е противзаконска бидејќи е загарантирано бесплатно основно образование за сите деца.

Сознанијата на здружението укажуваат дека во голем дел од училиштата во Битола невакцинираните деца не се примаат во училиштата, а такви случаи има и во одреден број училишта во Скопје.

Здружението во сабота организира научна конференција на која се очекува да бидат спротиставени аргументите „за“ и „против“ вакцинацијата. Поканети се експерти од државата и од Словенија, Хрватска и Србија. Поканет е и премиерот Зоран Заев, кој финансиски ја поддржал конференцијата, но, како што посочија организаторите, биле информирани од неговиот Кабинет дека не може да присуствува. Од Министерството за здравство засега нема потврда за присуство на конференцијата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе