Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Здружението на судиите е загрижено за фактот што одделни судии се дискредитираат во јавноста, без притоа, како што велат, да се почитуваат принципите на правна сигурност и пресумпцијата на невиност.

Здружението, кое во дописот изрази и искрено жалење за загубата на млад човечки живот, во целост се согласува и ја поддржува подружницата на ЗСРСМ, колегите од Основниот кривичен суд - Скопје, во нивното барање за разумност и рационален пристап во согледување на евентуалните пропусти кај институциите, како и поддршка на граѓаните во нивното барање, исклучиво за системски промени и зголемување на безбедноста на граѓаните, но и доследно почитување на Уставот и законите.

„Јавната осуда на судија не смее да биде иницирана и поткрепена од непотврдени шпекулации, односно без претходно да биде утврдена личната и професионална одговорност на судијата во конкретен случај. Повикуваме на внимателен и одговорен пристап од сите општествени гласноговорници во носењето вакви одлуки со цел да се зачува независноста на судската власт и да се избегнат непотребни политички или јавни притисоци врз носителите на правосудните функции“, велат од Здружението.

Се додава дека вината за системските проблеми во сообраќајот не може да му се припише на судството бидејќи сообраќајните несреќи се комплексен општествен проблем поврзан со инфраструктурата, превенцијата и свеста на учесниците во сообраќајот.

Тагови
реклама

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Македонија

Наташа Бошкова, Јордан Апостолски и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Read more

МНР апелира македонските државјани во Иран да ја напуштат земјата

Read more

Запален Василичарскиот оган под вода во Охридското Езеро

Read more

СДСМ: Техничката влада мора да остане

Read more
 

Вести

Русија: Нема да се откажеме од венецуелската нафта

Читај повеќе

Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат за Епстин пред Конгресот

Читај повеќе

Наташа Бошкова, Јордан Апостолски и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Читај повеќе

Трамп им порача на иранските демонстранти: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа

Читај повеќе

Во Република Српска масовно се величаат воени злосторници: Додик ги пофали Младиќ и Караџиќ

Читај повеќе

HELLENiQ ENERGY: Започна протокот на нафта од Солун кон Скопје

Читај повеќе

МНР апелира македонските државјани во Иран да ја напуштат земјата

Читај повеќе

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Читај повеќе

План за Гренланд што може да спречи судир меѓу САД и Данска

Читај повеќе