Зеленчук што дебелее: Ако сте на диета, внимателно колку го јадете

Истражувачи од Универзитетот Харвард докажаа дека некои видови зеленчук не придонесуваат за губење на тежината, туку може да влијаат на дебелеење.

Во истражување кое траело 20 години, учествувале 130.000 луѓе, а научниците ги следеле нивните навики во исхраната, како и намирниците кои ги консумираат. На основа на добиените податоци, експертите заклучиле кој зеленчук придонесува за зголемување на килограмите. Со голема сигурност потврдено е дека најмногу се дебелее од пченка, компир и грашок.

Испитаниците кои почесто консумираат зеленчук богат со скроб добивале на тежина многу повеќе од испитаниците кои јаделе друг вид зеленчук.

Пченката се покажала како најлоша со 0.9 килограми во текот на две години од зголемување на порцијата со овој зеленчук. Компирот, грашокот и пченката се лошо оценети бидејќи имаат вишок калории и јаглехидрати од другиот зеленчук и имаат повисок гликемиски индекс што значи дека побрзо го креваат шеќерот во крвта во текот на варењето.

Проблемот не е во зеленчукот, туку во навиките во исхраната. Луѓето пречесто ги користат, не јадат доволно широка палета други видови зеленчук како брокула, боранија, кои содржат многу витамини и минерали, а минимални калории.

Компирот, пченката и грашокот се евтини, со благ вкус и омилени кај децата што значи дека некои семејства секојдневно ги користат. Клучно во исхраната се умерени порции и паметни техники на подготвување.

Ако сакате да ја задржите моменталната тежина јадете зеленчук богат со влакна како карфиол, брокула, зелка и моркови. Се препорачува и зеленчук со висок процент на вода како домати, краставици, зелена салата, тиквици и ротквица.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе