Зеленски: Евровизија ќе ја организираме во Мариупол

Украинскиот Kalush Orchestra победи на синоќешното финале на Евровизија во Италија со песната благодарение на бранот јавна поддршка што придонесе за емотивната победа, која ја поздрави и претседателот Володимир Зеленски.

Отпеана на украински јазик, победничката песна го комбинираше рапот со традиционалната народна музика и беше почит на мајката на фронтменот на бендот, Олех Псиук.

Обложувалниците ја претставија групата како јасен фаворит за годишното натпреварување, кое обично привлекува околу 200 милиони гледачи, делумно врз основа на популарните симпатии кон Украина по руската инвазија во февруари.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски брзо ја честиташе победата.

„Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа! Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија“, рече тој во онлајн пораката.

Победниците традиционално ќе бидат домаќини на настанот следната година, како што сега беше Италија откако победи лани.

„Им благодарам на Kalush Orchestra за оваа победа и на сите оние кои ни ги дадоа своите гласови! Сигурен сум дека звукот на победата во борбата против непријателот не е далеку“, додаде тој.

Зеленски најави и дека Украина наредната година, исто така во мај, ќе ја организира Евровизија во разрушениот Мариупол, кој според неговите планови дотогаш треба да биде обновен. Ова е треба победа за неговата земја.

„Третпат во својата историја, и верувам дека не е последен. Ќе се потрудиме еден ден да ги примиме учесниците и гостите на Евровизија во украинскиот град Мариупол. Слободен, мирен, реконструиран“, наведе Зеленски.

Украина беше на четвртото место според гласањето на жирито, но победата ја однесе со водечка предност во гласањето на гледачите. Британецот Сем Рајдер заврши на второто место, додека Шанел од Шпанија заврши трета.

реклама

Џамија во Берлин развеа знаме со виножито

Read more

За власта новиот предлог ги содржи сите наши барања и забелешки, опозицијата излегува на протест

Read more

Што да правите ако ве касне змија?

Read more

Утрински секс: Зошто е уште подобар во лето?

Read more

Музика

„Анплагд“ настап во живо на Били Ајлиш во Соработка со Telekom Electronic Beats

Read more

Зеленски: Евровизија ќе ја организираме во Мариупол

Read more

Ник Кејв изгуби уште еден син

Read more

„Пинк Флојд“ по 30 години објавија нова песна - за поддршка на Украинците

Read more
 

Видео

  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе
  • filter

„Анплагд“ настап во живо на Били Ајлиш во Соработка со Telekom Electronic Beats

Читај повеќе

Зеленски: Евровизија ќе ја организираме во Мариупол

Читај повеќе

Ник Кејв изгуби уште еден син

Читај повеќе
  • play_arrow

Туристичка фејл компилација

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

„Пинк Флојд“ по 30 години објавија нова песна - за поддршка на Украинците

Читај повеќе
  • play_arrow

Светската историја од мачкина перспектива

Читај повеќе
  • play_arrow

Едно ти, едно јас, Крали Марко набаци

Читај повеќе