Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека Украина ќе ги врати сите градови заземени од Русите, вклучително и Северодонецк кој падна во нивни раце по еден месец крвава битка.
Зеленски во синоќешниот говор доцна навечер изјави дека украинскиот дух нема да биде скршен.
„И затоа сите наши градови, Северодонецк, Донец, Луганск, сите ќе бидат вратени“, изјави тој.
Ова е прв пат Зеленски во обраќањето да го спомене Северодонецк кој падна по брутална борба која траеше еден месец.
„Во оваа фаза војната е душевно и емотивна тешка. Не знаеме колку долго ќе трае, колку удари ќе издржиме пред да видиме дека победата е на повидок“, изјави тој.
Постојаните напади се доказ дека санкциите воведени за Русија не се доволни да помогнат на Украина, нагласи тој и соопшти дека им треба модерно оружје за одбрана.