Зголемен бројот на новозаразени во Грција, рекорден во Албанија

Во Албанија забележан е нов црн рекорд на позитивни случаи со COVID-19 во едно деноноќие.

Според Министерството за здравство и социјална заштита, од направените 546 тестови позитивен резултат е добиен кај 130 од нив, што е највисока бројка досега од почетокот на пандемијата во првите денови на месец март.

Албанската метропола продолжува да биде главно жариште на болеста. Од последно потврдените нови случаи над половина или 72 се токму од Тирана, каде се и половина од активните случаи или 1.404 лица.

Во исто време во списокот на оздравени внесени се 23, а починале четири лица.

И понатаму загрижува постојаното зголемување на лицата, на кои им е неопходно болничко лекување. Во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ позната како болница Ковид 2, се третираат 116 пациенти од кои 30 во тешка здравствена состојба.

Во Албанија до сега направени се 43.203 тестови, позитивен резултат е добиен кај 5.750, битката со опасниот вирус ја добиле 3.054, а ја изгубиле 176 лица.

Во изминатите 24 часа, во Грција е регистриран рекордно висок број на нови случаи на COVID-19, 121, од кои само пет се од направените тестови на влезните точки во земјата, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, а зголемен број новозаразени (25) има и на Кипар.

Според грчките медиуми, од денешните нови случаи, 47 се во Солун, 26 во Атика, поширокиот регион на Атина, осум во Лариса, седум на островот Крф, како и по еден или два новозаразени во различни делови на Грција.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 4.855 случаи.

Со оглед на тоа дека во изминатата седмица драстично започна да се зголемува бројот на нови случаи во Грција, заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас и професорот епидемиолог и шеф на надлежната комисија во Министерството за здравство Сотирис Циодрас, попладнево одржуваа вонредна прес конференција.

Зголемен број нови случаи во изминатите 24 часа се регистрирани и на Кипар. Министерството за здравство соопшти 25 новозаразени, со што бројот на позитивни случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.180 лица.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе