Жалбата прифатена - Алонсо се врати на подиумот

Ф1
Ф.З.
/ 20.03.2023 / 14:34

Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, изјави дека е пресреќен  откако беше потврдено дека го остварил 100-тото искачување на подиумот, откако синоќа на Големата награда на Саудиска Арабија првично истото му беше одземено.

Двократниот светски шампион се пласираше на 3. место на втората трка од новата сзезона, веднаш зад недопирливото дуо на Ред Бул, Серхио Перес и Макс Верстапен, но по завршувањето на трката дојде до низа различни расплети.

Шпанецот поведе во Џеда, пред Перес кој го врати ударот во 4. круг, а тогаш веќе беше познато дека Алонсо направил престап откако не се позиционирал добро при стартот. Возачот на Астон Мартин поради тоа доби казна од 5 секунди - казна што ја одлежа кога замина во боксот. Сепак, по завршувањето на трката беше заклучено дека казната не ја одработил како што треба, па доби нова казна - овој пат од 10 секунди, а тоа му го одзеде местото на подиумот. Астон Мартин вложи жалба која беше прифатена и Алонсо сега си го врати јубилејниот подиум.

„Среќен сум поради конечниот резултат и нашиот втор подиум. Покажавме дека можеме да бидеме втор најбрз тим и имавме добар ритам за време на целата трка. Моја беше грешката на стартот, но се потрудивме да го надоместиме времето. Пред овој викенд не бевме сигурни каков ќе биде односот на силите, така што ова е добра вест за нас воочи наредната трка. Се радувам на Австралија“, рече Алонсо.

После ваквиот расплет на Големата награда на Саудиска Арабија, Алонсо е на 3. место во генералниот пласман со 30 бодови, 14 помалку од водечкиот Верстапен, а 13 од вториот Перес.

Наредната трка на Формула 1 ќе се вози на 2 април за Големата награда на Австралија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Ф1

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе