Жена во визба од зграда во Париз што ја наследила пронашла половина милион евра

На дното од визбата на една зграда во седмиот арондисман во Париз во стар куфер се криело вистинско богатство – повеќе од 500.000 евра, во различни апоени,  а во понеделникот ги открила жената која сакала да го продаде станот.

Куферот, според пишувањето на Le Parisien, можно е да бил поврзан со случај на перење пари. Отворена е истрага за пронаоѓање на неговиот сопственик.

– Не сме завршиле со броењето. Но, има меѓу 500.000 и 600.000 евра, особено во апоени од  500, 100 и 50 евра, го пренесува својот извор парискиот весник.

Ова лето, една 50-годишна жена, наследничка на станот на нејзината мајка, ја почнала продажбата на имотот лоциран во луксузниот седми арондисман, недалеку од Шам-де-Марс (Ајфеловата кула).

Таа задолжила агенција за недвижнини да го процени станот, но кога сакала да го измерат делот од визбата поврзан со имотот, проценителот наишол на врата со катанец. Во август била поставена белешка во влезот на зградата, за да се побара од евентуалниот „невнимателен сосед“ да ја ослободи визбата. На повикот немало никаква реакција, па новиот сопственик одлучил во понеделник да повика бравар. Во тој процес, проценителот го пронашол неверојатното богатство, што веднаш го пријавил во полиција.

Истрага отвори париското Обвинителство и ја води Бригадата за финансиски истраги на париската судска полиција, специјализирана за случаи за перење пари и фалсификувани пари.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе