Жените кои го променија светот
Во чест на Меѓународниот ден на жените на YouTube каналот на Nobel Prize е објавена видео компилација од жените кои го променија светот.
Станува збор за жени наградени со Нобелова награда за нивните достигнувања во областа на книжевноста, науката, медицината и слично.
Нивните достигнувања имаат спасено милиони животи, а дел од нив придонеле и за унапредување на човековите права и квалитетот на животот на жените низ светот.