Жените не ви должат ништо

Жените им го должат на другите она што секој човек му го должи на секој друг човек: свесност за нивната заедничка човечност.

Илустрација: www.audreyjl.com

Длабоко вкоренетите стереотипи за родот и социјалната хиерархија, особено во патријархалните општества како нашето, ја отежнуваат позицијата на жената во речиси секоја сфера на постоењето. Жената е предмет на стереотипни изјави и етикети и од мажите, и од жените, особено кога не зборуваме за жена во „традиционалната“ смисла, туку ги опфаќаме и транс жените и лицата кои се чувствуваат како жени. Жената е често сведувана на нејзините улоги во светот доминиран од мажите, со што се негираат интерални делови на нејзиниот идентитет.

Има многу работи кои жените не ги должат никому, ни на мажите, ниту на другите жени.

Жените не ви должат да бидат „женствени“.

Жените не ви должат да се насмевнуваат кога им се обраќате.

Жените не ви должат да се дотеруваат или да не се дотеруваат.

Жените не ви должат да се шминкаат или да не се шминкаат, ниту да даваат објаснување зошто го прават или не го прават тоа.

Жените не ви должат да раѓаат деца.

Жените не ви должат да имаат, чуваат или воспитуваат деца.

Жените не ви должат да имаат мајчински инстинкт.

Жените не ви должат да сакаат (само) мажи.

Жените не ви должат да ги привлекуваат (само) мажи.

Жените не ви должат да сакаат или да ги привлекува некој воопшто.

Жените не ви должат долги коси.

Жените не ви должат совршено мазни тела.

Жените не ви должат нежност.

Жените не ви должат сила.

Жените не ви должат да се облекуваат на одреден начин на одредена возраст.

Жените не ви должат да се однесуваат или облекуваат на каков било начин кога се мајки.

Жените не ви должат да бидат тивки.

Жените не ви должат да бидат гласни.

Жените не ви должат чист дом и зготвен ручек.

Жените не ви должат објаснувања за нивните животни избори.

Жените не ви должат објаснувања зошто сакаат или не сакаат да работат.

Жените не ви должат објаснувања како напредувале во работата.

Жените не ви должат да носат фустани и здолништа.

Жените не ви должат да не носат фустани и здолништа бидејќи „не им доликува“ на годините/типот на градба/професијата.

Жените не ви должат одговори на прашања на кои не сакаат да одговорат.

Жените не ви должат секс.

Жените не ви должат објаснување зошто ве одбиле.

Жените не ви должат благодарност за нивното место во светот.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Теми и коментари

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more

8 Март и ослободувањето на жената – моќните приказни на жените од Македонија

Read more

Дрво по дрво: Кој ги убива белите дробови на Македонија?

Read more
 

Ново

  • filter

28 март 1939, завршила Шпанската граѓанска војна

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе