Жива музика, играње на маса, гушкање, што сè затекнаа пазарните инспектори синоќа?

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Жива музика, играње на маса, гушкање. Ова, меѓу другото, го затекнале пазарните инспектори синоќа, додека вршеле контроли во угостителските објекти кои од вчера почнаа со работа.

Инспекторите, како што соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, биле навредувани не само од страна на сопственици на локалите, туки и од гостите. „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, така им се обраќале.

Пауновски најави дека од денеска инспекторите, освен што ќе се обидат едукативно да им помогнат на угостителите околу протоколите, ќе почнат да изрекуваат и казнени мерки. Контролите ќе бидат засилени и ќе се спроведуваат и во ноќните часови и за време на викендот.

– Не велам сите, но кај поголем број од угостителите при синоќешните контроли е утврдено дека воопшто не ги почитуваат протоколите. Морам да искажам огромно разочарување од нивното однесување, но и од однесувањето на оние што ги посетуваат. Наидувавме на понижување, „едуцирајте нè и напуштете го локалот“ велеа, што е крајно неодговорно и ниско, и од гостите и од сопствениците на објектите. Совеста и свеста на граѓаните, посебно на угостителите, затаи. Од денеска, онаму каде што ќе констатираме нарушување на протокклите, ќе бидеме приморани да изрекуваме казнени мерки, нагласи Пауновски.

Тој уште еднаш апелира протоколите да се почитуваат.

– Апелирам и дека голем дел од точките се применливи, се работи за здравјето на граѓаните. Наместо да се намалува бројот на заболени, единствено кај нас има зголемување. Затоа, апел до сите угосители, инспекторите се на терен, ќе бидат и викендов и навечер. За секое нарушување ќе постапуваат и со казнени мерки. Од нас сите зависи дали со мерките ќе излеземе од корона-состојбата или сами ќе бараме повторно, за жал, да се воведат поригорозни мерки, потенцира директорот на Инспекторатот.

Одговорајќи на новинарско прашање, Пауновски рече дека Инспекторатот ниту ги донел протоколите, ниту учествувал во нивното носење.

– За жал, во носењето учествуваа трите синдикати на угостителите. Наша надлежност е да ги надгледуваме, дали ги применуваат мерките. Немаме обврска, ниту задолжение да вршиме легитимирање на оние што ќе ги посетуваат угостителските објекти. Предмет на наша контрола се објектите, односно сопствениците. Оние што ги отвораат локалите треба да ги менаџираат протоколите, никој друг нема право да се меша во тоа, во работењето на угостителскиот објект, потенцира Пауновски.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Македонија

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе