Жолта фаза: Како да се заштитите од топлотен удар?

Според најавата од УХМР, денеска и утре, целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

За да ги избегнете непријатните последици од високите температури, носете лесна и прозрачна облека, заштитете ја главата, не јадете премногу мрсна или зачинета храна и намалете го нивото на физичка активност во најжешкиот период од денот.

Се препорачува престој во природа, парк и природно зеленило, а затворениот станбен простор да се ветрее во вечерните часови кога паѓаат температурите.

Организмот може да се разлади со туширање и внесување течности, но не на премногу ниска температура, бидејќи телото повторно се загрева да ја постигне оптималната телесна температура и на тој начин дополнително троши енергија.

Тоа се случува при прегревање на телото, додека во случај на топлотен удар или сончаница треба веднаш да побарате лекарска помош. Во меѓувреме засолнете се под сенка, дишете умерено и не пијте премногу ладни течности.

Препораки за заштита од топлотен бран

Институтот за јавно здравје на Република Македонија ги посочува следните препораки за заштита при високи температури:

  • Од 10 до 17 часот кога е најтоплиот период од денот да се избегнува напорна физичка активност, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности, да се консумира голема количина течност, да се внесува помало количество храна која не содржи многу маснотии и шеќер, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на Сонце, да се носат заштитни очила и капа, и да се престојува во затворени климатизирани простории на температура од 23 до 25 степени.
  • Во препораките се посочува дека при престој на отворен простор треба да се прават почести одмори под сенка, да се избегнува престој во целосно затворени возила и директен престој на сонце, да се избегнуваат алкохолни пијалаци и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци.
  • Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, како што се наведува, потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
  • Се препорачува при чувство на зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, да се консумира вода или негазиран минарален пијалак, да се побара помош, да се оди се на постудено место колку што е можно побрзo и да се измери својата телесна температура. При болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, потребно е да се оди на студено место и да се консумира течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.
  • Пред употреба задолжително треба да се мијат свежиот зеленчук и овошје, и да се прави термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на четири степени, а пред употребата да се загрее на 100 степени. Треба да се избегнуваат производи кои термички не се обработени, а особено да се внимава со консумација на сладолед и разни кремови, се истакнува во препораките.
  • Високите температури негативно влијаат на здравјето на луѓето при што се влошува состојбата на тие кои страдаат од кардиоваскуларни болести, респираторни болести и ментални нарушувања. Можат да се јават и акутни ефекти како резултат на изложеност на високи температури, како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем.
Прва помош за деца при топлотен удар

Во летниот период родителите почесто ги охрабруваат децата да излегуваат и да си играат надвор, меѓутоа, претераната изложеност на сонце може да предизвика топлотен удар. Што треба да знаете за да ги заштитите децата?

Што е топлотен удар?

Топлотен удар или исцрпеност е состојба во која се наоѓа телото откако премногу е загреано и му е загрозена способноста само да се разлади. Бебињата и децата се особено осетливи на топлина, посебно ако не се соодветно облечени за жештината на која се изложени, ако се на сонце подолго време или ако се оставени во автомобил на жешко време (Никогаш не ги оставајте децата сами во заклучен автомобил на жешко време, дури и ако има климатизер!)

Кои се симптомите?

Лесно е да си помислите дека детето е едноставно исцрпено од долгото играње надвор, но има знаци што треба да ви укажат дека не се работи само за умор. Нормалните симптоми по престој на сонце се зголемено потење, црвенило на лицето, но детето и понатаму е разиграно и енергично. Нормално е срцето да му чука малку побрзо и потешко да дише, особено ако трчало. Не е чудно ако е жедно, а кожата му е топла.

Симптоми што треба да ве загрижат се: висока температура (некогаш и до 39 степени Целзиусови), ладна кожа покрај високата температура, црвена, сува и врела кожа, чувство на умор пропратено со збунетост, главоболка или вртоглавица, повраќање, забрзано и плитко дишење.

Што треба да направите?

Најважно е да дејствувате брзо и да го разладите детето пред да изгуби свест. Ако сте на отворено, седнете го под сенка, но најдобро е да го засолнете во затворена просторија и да го истуширате со млака кон ладна вода, а потоа разладувајте го со облоги. Ако има повеќе симптоми, викнете лекар. Не му давајте да пие вода ако не е потполно будно.

Како да спречите топлотен удар?

Водете сметка детето редовно да пие вода, да носи пријатна и лесна облека во која кожата може да дише. Одбегнувајте престој надвор во најжешкиот дел од денот, значи од 10 до 16 часот. Кога си игра надвор нека прави паузи под сенка и нека носи капче.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе