Жолта маичка со логото на МОСТ и Monitoring 2020 – препознатлив знак на набљудувачите на МОСТ

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на Граѓанската Асоцијација МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а гласањето се одвива безбедно, со почитување на здравствените протоколи.

На прес-конференцијата на МОСТ беше посочено дека според податоците добиени од паралелното сумирање на гласовите, програма што претставува математичко-статистички научен метод, одзивот на гласачите во ИЕ 1 – до 9 часот е 8,37 отсто, а до 10 часот 12,55 отсто.

Во ИЕ 2 до 9 часот излегле 6,80 проценти, до 10 часот 10,55 проценти, до ИЕ 3 до 9 часот 8,66 а до 10 часот 13,68 отсто, во ИЕ 4 до 9 часот 7,82 до 10 часот 12,85 отсто, додека во ИЕ 5 до 9 часот 6,63 отсто а до 10 часот 10,99 проценти и во ИЕ 6  до 9 часот излезноста е 3,41, а до 10 часот 5,56 проценти.

 

Во текот на денот, истакнуваат од МОСТ, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 20 проценти од вкупниот број на гласачки места на територијата на целата држава, како и 20 проценти од гласачките места во рамките на секоја изборна единица.

„Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 55 мобилни тимови, составени од по двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија“, рече Златко Димитриоски од МОСТ на прес-конференцијата.

Граѓанската асоцијација МОСТ го спроведува проектот согласно Декларацијата за универзални принципи за непартиско набљудување на изборите од страна на граѓански организации, како и останатите меѓународно признати стандарди за домашно набљудување на изборите.

Потенцираат дека набљудувач на МОСТ е единствено оној граѓанин кој носи жолта маичка на која на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано “Monitoring 2020“, поседува акредитација од ДИК и овластување од МОСТ исклучиво за овие избори.

 

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе