Жорди Алба се жртвува за Лионел Меси

Поранешниот стандарден лев бек на Барселона Жорди Алба (34) потпиша предвремено раскинување на договорот со каталонскиот клуб.

Репрезентативецот на Шпанија со Барселона имаше договор до крајот на следната сезона, но тој одлучи „дека е најдобро да замине“, па од 1 јули ќе биде бесплатен играч.

Шпанските медиуми известуваат дека Алба се одлучил за овој потег за да ѝ помогне на Барселона да го донесе Лионел Меси.

Каталонскиот клуб мора да ги „исчисти“ платите, што преку продажба, што преку спогодбени раскинувања на договори со играчи, па потегот на Алба ќе помогне во тоа барем малку.

Алба е свесен дека би играл помалку следната сезона и ќе бара нов клуб, додека во исто време ќе ѝ помогне на Барса со ослободување од неговата плата.

Алба пристигна во Барселона во 2012 година од Валенсија, а со каталонскиот клуб освои шест титули првак на Шпанија, пет титули Куп на Кралот и една Лига на шампиони.

Одигра вкупно 458 натпревари за Барса, а оваа сезона настапи 29 пати.

Тагови
реклама

Фудбал

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Read more

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Read more
 

Спорт

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Читај повеќе
  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе