Жртвите на сексуално насилство ќе може да побараат помош и без да пријават во полиција силување или обид за силување

Сервисите за помош и поддршка на жртвите на сексуално насилство, кои сега се достапни само за жртвите откога ќе го пријават силувањето или обидот за силување, помош и поддршка ќе може да добијат и без да го сторат тоа. Работна група од Министерството за здравство во соработка со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ќе ја унапредува стандардната оперативна процедура за центрите за жртви на сексуално насилство, формирани 2018 година во Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје и во општите болници во Куманово и во Тетово.

„За воопшто жртвата да добие каква било услуга, насилникот мора да биде пријавен во полиција. Тоа го бара нашето законодавство. Постојната легислатива бара секоја форма на насилство, особено оние што се гонат по службена должност, да бидат пријавени. Тоа е нешто што мора да се смени затоа што ние ја ставаме жртвата во позиција, во моментот откако таа го проживеала насилството, ете се охрабрила, дошла да побара помош, т.е. ја ставаме во ситуација или ќе пријавиш во полиција за да ти бидат земени докази или доказите ќе бидат изгубени и потоа нема да има можност за пријава“, вели Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Новата постапка, која ќе треба да ја следат центрите за помош на жртвите на семејно насилство, ќе ѝ дозволи на жртвата сама да одлучи дали, кога и кои постапки да бидат поведени против насилникот, а помошта да ѝ биде на располагање.

„Самата постапка дека жртвата е принудена веднаш да пријави во органите на прогонот е спротивна од сите стандарди и тука комитетот Гревио, кој ја следи имплементацијата на Истанбулската конвенција, изрази загриженост и затоа сме денеска тука. Да ја приспособиме оваа стандардна оперативна процедура за сите сервиси што ги нудат центрите да ѝ бидат овозможени на жртвата и да ѝ се остави простор, вклучително и собирањето на доказите, таа самата да донесе одлука дали и кога ќе пријави во полиција, обвинителство и така натаму. Праксата од другите земји покажува дека доказите се собираат и до две години ѝ се остава простор на жртвата таа да одлучи дали ќе поведе постапка против сторителот. Тоа е нешто што ние во моментот го немаме како стандард“, рече Неда Чаловска-Димовска, консултантка за анализата на стандардната оперативна процедура што ја користат центрите за жртви на сексуално насилство.

Ставот на Националната мрежа против насилството е дека сексуалното насилство е едно од најмалку пријавуваните форми на насилство во нашата држава. Досегашното искуство покажало дека годишно по 50-60 жени во секој од трите центри се охрабриле да пријават сексуално насилство, што, според анализата на ОБСЕ, е само 2% од реалната бројка на жртви на сексуално насилство во земјата.

„Ако земеме дека овие 50-60 жртви во секој центар се само 2% од реалната бројка, тогаш веќе станува збор за една многу голема бројка на жени, девојки и малолетни жртви, кои имаат потреба од овој тип на помош, а немаат каде да ја побараат. Идејата е центарот да обезбеди психолошка поддршка, правна помош, да ги собере доказите што се потребни понатаму за кривично гоење на сторителот и да ја обезбеди онаа првична, кризна интервенција и кризна помош, која ѝ е потребна на жртвата откога ќе го доживее насилството“, рече Димушевска.

Таа нагласи дека сексуалното насилство кај нас сѐ уште е табу-тема, а воопшто неискористена е формата силување во брак, кое со измените на Кривичниот законик пред две години е препознаено како сексуално насилство.

Тагови
реклама

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Read more

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Read more

Македонија

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Read more

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Read more

СДСМ: Странска разузнавачка компанија ангажирана за следење на опозицијата

Read more
 

Вести

  • filter

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Читај повеќе

Голем пресврт во Словенија: Нова шанса за Јанез Јанша да формира влада

Читај повеќе

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Додик: Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе се обединиме со Србија

Читај повеќе

Камала Харис: Биби Нетанјаху го вовлече Трамп во војна

Читај повеќе

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Читај повеќе

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Читај повеќе

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Читај повеќе

Трамп одобри да се купува руска нафта

Читај повеќе