ЛА ЛИГА 2020/21

Зидан нема објаснување за вчерашната бламажа со Алавес

„Кралевите“ имаа мизерна вечер среде Мадрид доживувајќи неочекуван пораз од Алавес, а згора на тоа се повреди и Еден Азар.

Ниту стратегот Зинедин Зидан не можеше да си објасни како се случи синоќешниот пораз, трет сезонава во Ла Лига и втор овој месец.

„Немам објаснување. Вечерва мешавме добри со лоши периоди. Кога постигнаа гол по само пет минути игра, работите станаа комплицирани за нас“.

Во средата Реал на сличен начина славеше против Интер на гости, со гол од пенал во 3. минута. Само неколку дена подоцна, истото сценарио се повтори, но овој пат не во корист на мадриѓаните.

„Пред неколку дена во Милано одигравме навистина добар натпревар, а сега... Тоа е реалноста, нашата реалност. Мора да продолжиме да работиме, да ни се опорават играчи и да ја промениме динамиката. Немаме конзистентност“, вели Зидан.

На прес-конференцијата Зизу беше прашан како ќе им помогне на играчите да ја пронајдат таа конзистентност, на што тој не сакаше да открие.

„Морам да најдам решение заедно со играчите. Нема да го соопштам вака. Не смееме да мислиме негативно, треба да погледнеме и каде одигравме добро и да се обидеме да бидеме конзистентни“.

Да биде бељата поголема, по само 28 минути игра Еден Азар мораше да биде заменет поради повреда.

Лукас Перес донесе водство за Алавес во 5, минута од пенал, а во 49. Хоселу зголеми на 0:2. Реал Мадрид гол за утреха постигна на 4 минути пред крајот преку Каземиру.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе