Златна парада на фараоните - кралските мумии „прошетаа“ низ Каиро

Мумифицираните останки на 22 древни египетски кралеви и кралици вчера беа преместени кон нивното ново почивалиште со величествена парада низ улиците на Каиро.

Историската поворка на кралски мумии тргна од плоштадот Тахрир во Каиро кон новото почивалиште вчера во 18 часот по локално време, а голем број Египќани го следеа спектаклот што чинеше милиони долари.

Сè се емитуваше и на државната телевизија. Во првата кочија се останките на Секененре Тао Втори (во некои транскрипции Такененре Таа), познат како Храбриот, кој владеел со јужен Египет околу 1600 година п.н.е., додека во последната е мумијата на Рамзес IX., кој владеел во 12 век п.н.е.

Мумиите на Рамзес II и кралицата Хатшепсут се исто така во поворката.

Египет се соочи со голем пораст на бројот на лица заразени со коронавирус пред една година, но по падот на бројот на нови инфекции и смртни случаи, укинати се ограничувањата за собири на отворено и граѓаните можеа да ја следат парадата во живо.

URL

Поворката од црни кочии со позлатени орнаменти, што потсетуваше на древна погребна поворка, течеше под строги безбедносни мерки. Останките на 18 кралеви и четири кралици, сортирани според возраста, се носеа на одделни платформи украсени во древноегипетски стил во поворката наречена „Златна парада на фараоните“.

URL

Останките беа префрлени од Египетскиот музеј во центарот на Каиро, каде што престојуваа со децении, во Националниот музеј на египетската цивилизација, отворен во 2017 година во јужниот дел на градот.

Тие ќе бидат сместени таму во „малку помодерни витрини“, рече Салима Икрам, професор по египетологија на Американскиот универзитет во Каиро.

„Контролата на температурата и влажноста ќе биде подобра отколку во стариот музеј“, додаде Икрам, експерт за мумификација.

Мумиите ќе бидат сместени во Кралската сала на мумиите и ќе бидат достапни за посетители од 18 април. Салата е дизајнирана така што посетителите ќе имаат чувство дека се наоѓаат во Долината на кралевите во Луксор.

Во нивниот нов дом, тие ќе бидат изложени одделно, секој до својот саркофаг, а во некои случаи до нив ќе има и статуа. Експонатите ќе имаат кратки ознаки со биографија на владетелот, а во некои случаи и копии на снимки со магнетна резонанца.

Откриени недалеку од Луксор, почетокот на 1881 година, повеќето од овие 22 мумии биле изложени уште од почетокот на 20 век во Египетскиот музеј на плоштадот Тахрир. Од 50-тите, тие беа изложени во мала просторија, една до друга, без ознаки со објаснувања.

Пред селидбата, мумиите биле ставени во специјални контејнери со азот, во услови слични на оние во нивните изложбени витрини.

Националниот музеј на египетска цивилизација беше завршен во 2010 година и планирано беше да биде отворен во 2012 година, рече египетологот Захи Хавас. Овој план пропадна поради револуцијата во 2011 година и нестабилноста што следеше по неа.

Во следниве месеци се очекува Египет да отвори уште еден музеј, Големиот египетски музеј, во близина на пирамидите во Гиза. Во него ќе бидат сместени и фараонски колекции, вклучително и мумифицираните останки на Тутанкамон.

URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе