Златно модно правило за омилената есенска комбинација
Фустаните и здолништата со средна (миди) должина се едни од омилените парчиња за есенски модни комбинации.
Многу девојки и жени ги обожаваат и ги носат на најразлични начини во речиси сите пригоди – со џемпер, кардиган или капут - а во есен најчест проблем е изборот на обувки.
Со оглед на тоа дека салонките и чизмите со висока потпетица не се избор за ладните и често врнежливи есенски денови, најчесто избираме ниски чизми како моделот Chelsea или Dr. Martens.
Средната должина е малку незгодна па треба да се запамти едно златно правило за оваа омилена есенска комбинација.
Линијата на фустанот, односно здолништето треба да биде над горната линија на чизмата и тоа најмалку десетина сантиметри.
На тој начин ќе се гледа малку повеќе нога, па пропорциите ќе бидат совршено избалансирани.