Бизнис

Златото достигна рекордна вредност во однос на еврото

18. февруари 2020 - 17:49 | МИА

Цената на златото на светските берзи денеска во еден момент беше највисока во историјата во однос на еврото, додека според доларот го достигна двонеделниот максимум.

Тоа се случи бидејќи инвеститорите бараа сигурно засолниште за капиталот откако компанијата Apple предупреди на негативното влијание на новиот корона вирус Covid-19 на нејзиното работење.

Спот цената на златото беше 1.597,71 долари за унца односно забележа раст од 0,75 отсто. Цената на златото во однос на еврото се зголеми за 1,14 на 1.475,97 евра за унца.

И цената на паладиумот забележа раст од 0,76 отсто и изнесуваше 2.537,26 долари. И среброто се продаваше за 1,22 отсто поскапо, односно една унца чинеше 18 долари.

Производителот на iPhone предвидува пад на своите приходи во вториот квартал поради епидемијата на новиот корона вирус.

Коментирај