Знаци дека се однесувате како да сте му мајка, а не партнерка

Во секоја врска, партнерите треба да се грижат еден за друг и да ја негуваат врската. Но, ако почнете да се однесувате кон саканата личност како да е дете, односно како да сте му мајка, а не девојка или сопруга, тоа не е добар знак.

Постои тенка граница помеѓу здравата грижа за некого и претворањето во нешто што во суштина не сакате да бидете. За да бидете сигурни дека не ја преминувате таа граница, ви откриваме на што треба да обрнете внимание.

Чистите и раскревате по него

Дали имате навика да ги собирате неговите работи околу станот, како што се чорапи, кошули и тренерки? Ако е така, вие влегувате во улога на мајка и го лишувате од одговорност. Ова исто така важи и за моментите кога ја расчистувате масата после јадење или ги ставате чашите за пиво во машината за миење садови по неговата седенка со другарите. Сето ова изгледа како еден куп ситници, но зошто не го прави тоа самиот?

Несогласувањата ги оставате без разврска

Има несогласувања во секоја врска, и тоа е сосема нормално, бидејќи секој од нас е различен. Сепак, она што е важно е нивното решение. Туркањето на проблемите „под тепих“ е она што на крајот ќе биде причина за вашето раскинување. Сетете се дека како дете не сте биле секогаш во можност да ги решите несогласувањата со вашите родители, бидејќи имало генерациски јаз. Меѓутоа, двајца возрасни би требало да можат да го надминат тоа.

Постојано му кажувате што да прави

Навистина е бесмислено да ѝ дадете на вашата сакана листа со задачи што треба да се заврши до крајот на денот. Тој не е дете, и парче хартија не треба да го потсетува дека треба да ги мие садовите, да фрла ѓубре или да купува храна. Ако имате навика постојано да му кажувате што треба да прави, сакале или не, вие звучите како да сте му мајка, а не партнерка.

Држите сѐ во врската под ваша контрола

Некои луѓе не можат да избегаат од фактот дека сакаат да држат сѐ под контрола. Меѓутоа, во врските, мора да има некои ограничувања за ова прашање. Ако сте склони да го контролирате секој чекор на вашиот партнер, затоа што не му верувате доволно, тогаш дефинитивно имате проблем. Токму поради оваа строга контрола работите ќе ви се лизнат од раце во одреден момент.

реклама

Како изгледа балканско семејство на плажа?

Read more

Украинки продадоа разголени фотографии за 800.000 долари за помош на својот народ

Read more

Јаглехидрат што најдобро помага за топење на салото на стомакот

Read more

Со ракета погоден преполн шопинг-центар во градот Кременчук, има жртви

Read more

Љубов и секс

Секс на плажа: Што треба да знаете за да одбегнете катастрофа?

Read more

Научниците открија колку всушност трае добриот секс

Read more

Како да ја оживеете намалената желба за секс?

Read more

Шест љубовни парови создадени еден за друг

Read more
 

Магазин

Топлотен бран: Што треба да знаете и како да се заштитите?

Читај повеќе

Кога не е добро време да ги миете забите?

Читај повеќе

Стогодишник од Шкотска сѐ уште работи и нема намера да се пензионира

Читај повеќе

Што да направите за салатата подолго да остане свежа?

Читај повеќе

Како без правосмукалка да исчистите скршено стакло?

Читај повеќе

Моден викенд Скопје со млади сили одбележа 25 сезони

Читај повеќе

Препораки како да се заштитите од високите температури

Читај повеќе

За блескави подови, во водата за чистење додајте кујнска сол

Читај повеќе

Како сами да го исчистите домашниот клима уред?

Читај повеќе