Знаци кои откриваат дека ви е потребен одмор

Не е секогаш едноставно да ги препознаете знаците на синдромот на согорување од работа или работна исцрпеност, особено во овој период на пандемија кога значително се промени начинот на работа во фирмите.

Од почетокот на минатата година повеќето луѓе работат од дома што скоро целосно им оневозможува на работодавачите да забележат дека на вработените им е потребна пауза.

Затоа е важно да си посветите време за себе и да утврдите дали е време за одмор:

1. Чувствувате недостиг на самодоверба

Ви се чини дека не може да ги извршувате задачите кои некогаш ви изгледаа многу едноставни. Односите со колегите, пријателите и семејството ви изгледаат разнишани, се чувствувате како да не сте им доволно интересни, како да не ве сакаат во нивна близина.

2. Јадете повеќе или помалку од претходно

Во однос на исхраната се случува да јадете помалку квалитетна храна затоа што немате доволно желба да се фокусирате на подготовка на квалитетни и редовни оброци.

3. Чувствувате дека сте помалку продуктивни на работа

Затоа сè потешко ги извршувате деловните обврски. Не обрнувате внимание на деталите и се трудите што побрзо да ја завршите работата.

4. Се чувствувате летаргично и дистанцирано

Работната исцрпеност често наликува на депресија поради што луѓето се чувствуваат летаргично и дистанцирано од другите луѓе. Со самото тоа, луѓето кои се преморени неретко одбиваат да учествуваат во какви било социјални активности, откажуваат планови и делуваат незаинтересирано за дружење со луѓе.

5. Слободни денови

Доколку сè почесто пропуштате од работата и барате слободен ден тогаш е дефинитивно време да го искористите годишниот одмор и да ги наполните батериите. Преморот може да предизвика стомачни проблеми, главоболки и низа здравствени проблеми.

Слушајте го вашето тело и знаците коишто ви ги испраќа.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Здравје

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Read more

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе