За мастурбацијата ретко се зборува во јавност, но без сомнеж сите ја прават бидејќи ние самите најдобро си ги познаваме телото и знаеме што не возбудува. Истражувањето на нашата сексуалност е нормален дел од човечкиот развој, а мастурбацијата е дел од тоа.
Сепак, иако е нормален дел од сексуалната активност, сепак се уште претставува табу тема на која се срамиме да разговараме со семејството или пријателите. Но, краен заклучок е дека мастурбацијата е здрава природна и нормална.
Сепак, постојат неколку знаци кои покажуваат дека можеби сте претерале со неа:
- мастурбирате до точка а самоповредување
- имате потреба да претерувате
- ја нарушува вашата врска
- негативно влијае на перцепцијата за вас
- се обидувате да намалите или запрете, но продолжувате по старо
- сте се опседнале или премногу сте окупирани со самозадоволување
Сите овие крајности влијаат на вашиот квалитет на живот и можат да ви наштетат во одноите со другите луѓе.