Пандемијата на коронавирусот влијае врз нашето секојдневие, се прилагодуваме на „новото нормално“, но освен тоа треба да внимаваме и на нашето ментално здравје.
За жал, често забораваме дека со депресијата може да се соочат и најмладите членови на семејството. Детската депресија е сериозна и реална појава на која треба да се обрне внимание. Меѓутоа, научниците велат дека оваа појава кај децата често се зема здраво за готово под изговорот дека „децата немаат проблеми“ или „децата немаат за што да се грижат додека се мали“.
Семејните или финансиските проблеми, самоизолацијата, дистанцирањето од саканите личности се само некои од причините за појава на депресија кај децата.
Детската депресија може да се препознае, само треба да обрнете внимание на овие знаци:
- Немаат интерес за играње со другарчињата,
- нагло губење на телесната тежина,
-проблеми со концентрацијата,
-губење на апетитот,
-раздразливост,
-проблеми со спиењето,
-осаменост.
Доколку забележите некој од овие знаци, се препорачува да се консултирате со вашиот лекар.