Зошто Apple ја крие оваа фантастична опција на iPhone 12?

Apple работи на мистериозни начини.

Помина помалку од една недела од дебито на новиот iPhone 12, а уште стигнуваат информации за некои нови опции на овој смартфон.

Apple не ја спомна оваа опција за време на презентацијата на моделот iPhone 12, иако може да биде многу корисна.

Телефоните iPhone 12 ја имаат новата опција „обратно безжично полнење“ - Reverse wireless charging. Оваа функција првично ја направи Huawei за серијата Mate 20. Имено, телефонот може да се користи како безжичен полнач за други уреди, вклучувајќи смартфони и безжични слушалки кои поддржуваат ваков тип на полнење.

URL

Потоа Samsung ја донесе оваа технологија на нивните уреди, а потоа Google ја копираше со својот телефон Pixel 5, а еве сега и Apple. Со оглед на тоа дека AirPods се многу популарни слушалки, дури и за корисниците кои немаат iPhone телефони, овој потег најпрво го поздравија нивните корисници.

Сепак, Apple се огради така што официјално не потврди дека уредите, како и тие слушалки, заедно со шпекулираните нови слушалки AirTags, можат да се полнат преку телефоните iPhone 12.

URL

„Покрај тоа што може да се полни преку десктоп WPT полнач, iPhone 2020 ја поддржува WPT функцијата за полнење од 360 kHz на друга опрема. Во моментов, единствениот додаток што може да се полни преку iPhone е потенцијален Apple додаток во иднина“, се наведува во документацијата на компанијата Apple.

WPT значи wireless power transfer/transmission system. Иако Apple не откри јасно што ќе може да се полни преку телефонот iPhone 12, сè укажува на тоа дека само еден уред ќе може да ја користи оваа опција. Низ историјата, ниту еден додаток за овие телефони не бил поважен од слушалките на AirPods.

URL

Треба да се напомене дека Apple работи на нови слушалки AirPods кои ќе носат ознаки AirPods 3 и AirPods Pro 2, а се очекува да бидат објавени следната година. Сè уште нема гаранција дека овие слушалки ќе добијат и полнење MagSafe. Иако постои опција, телефоните iPhone засега не можат да полнат други телефони.

URL
реклама

Поради короната, белградската проституција работи по принципот на достава

Read more

Volkswagen го презема европскиот пазар за електромобили

Read more

Мицкоски: Имам информација дека викендов се распарчува Македонија во Софија

Read more

Нереди во Штип: Среде град се пресметаа навивачите на Брегалница и Тиквеш

Read more

Мобилни

Poco го претстави новиот смартфон M3 со одлична батерија

Read more

Motorola го претстави смартфонот Moto E7

Read more

Samsung ги претстави новите смартфони Galaxy A12 и A02s

Read more

Запознајте се со CAT S42, првиот телефон со антибактериска заштита

Read more

Гик

Распишан тендер за научна студија за влијанието на 4G и 5G мрежите врз здравјето и околината

Читај повеќе
  • play_arrow

Мила, добредојде во Monster Hunter World: Iceborne

Читај повеќе
  • play_arrow

Универзумот наместо да се лади, се загрева: Дали ќе има „Големо спалување“?

Читај повеќе
  • filter

Poco го претстави новиот смартфон M3 со одлична батерија

Читај повеќе

Можат ли кучињата да намирисаат COVID-19?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откачена биологија: Сѐ што не сте знаеле за интелигентните октоподи

Читај повеќе

Војници на иднината: САД работат на систем за читање мисли

Читај повеќе

Феномен што не познава граници: Популарната серија ги „запали“ апликациите за шах

Читај повеќе
  • play_arrow

Објаснето за да сфатат сите: Што е гравитација?

Читај повеќе